Анализа на влијатeлни параметри при минирања на површиските копови со цел добивање на соодветна гранулација и други ефекти

ПРОЕКТ - PDF

За постигнување на добра гранулација на изминираната карпеста маса, потребно е претходно проучување и дефинирање на сите физичко - механички и структурни карактеристики на карпестиот масив и според нив, да се примени соодветна метода на минирање, тип на експлозив, констукција на експлозивното полнење и т.н.
Со голем број на теоретски анализи на пооделни мински серии преку симулациона анализа, со користење на програмскиот пакет “Бреакер”, е анализирано влијанието на дупчечко - минерските параметри (специфичната потрошувачка на експлозив) и промената на трошоците, во зависност од типот на работната средина. Вршени се и теренски експериментални испитувања, преку анализирање на повеќе мински серии изведени во различни работни средини. 
При овие анализи, потребно е што поточно одредување на гранулацијата на изминираниот материјал кој е подложен на примарно дробење, а исто така беше потребно да се одреди ( преку ситова анализа), и излезната гранулација на примарно издробената руда. 

Констатирана е одредена корелација помеѓу трошоците за добивање на одредена гранулација на изминираната руда и трошоците при примарното дробење. Со намалување на трошоците за дупчење и минирање се зголемуваат трошоците за дробење, но со друга експоненцијална зависност. Зголемување на трошоците за примарно дробење до извесен степен (влез со покрупна гранулација) директно условува намалување на трошоците за дупчење и минирање а воедно и на вкупните трошоци. 
Исто така ќе бидат извршени мерења за дефинирање на сеизмички потреси предизвикани од минирањето и анализирани соодветни параметри во однос на безбедноста на околните објекти и карпести маси.
Исто така, една од целите ќе биде да се анализира и да се дефинираат критериумите за оценување на потресите во однос на соодветната примена на експлозивни средства и соодветни методи при минирање.
Пресметката или димензионирање на параметри при минирање и детонација се чекор понатаму во поставувањето на техники за дупчење и минирање кои подоцна, во различни услови, може да биде применети и дадат соодветни ефекти и добри очекувани резултати.