Проекти

ПРОУЧУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ШАРКА КАЈ СЛИВАТА (PLUM POX POTYVIRUS) КАЈ КОСКЕСТИТЕ ОВОШНИ ВИДОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Промените кај растенијата предизвикани од патогени од вирусна природа, влијаат на квалитетот на плодовите и нанесуваат големи штети во производството. Една од позначајните болести кога се работи за овошните култури, посебно кај сливата и праската, но секако неодминливи се и црешата и вишната, е вирусот на шарката на сливата (Plum Pox potyvirus, PPV), за кој постојат многу малку податоци за присуството на овој вирус кај коскестите овошни видови во Македонија.

Проучување на присуството на бактериската пламеница (Erwinia amylovora) кај овошните култури во Македонија

Бактериската пламеница кај овошните култури – Erwinia amylovora, денес претставува една од најзначајните и најопасни заболувања за крушата, јаболката, дуњата и други растенија од фам. Rosaceae. Во Македонија за прв пат била забележана во 90-те години кај крушката и дуњата. Оттогаш, оваа многу значајна бактериоза предизвикува значајни последици во подигањето на нови овоштарници и одгледувањето на истите. Симптомите предизвикани од E. amylovora се манифестираат на цветовите, т.е. на венечните ливчиња.