Информации

Професорот Стеван Габер е вработен на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Неговата академска кариера започнува во 2007 година со изборот во асистент. Денес, тој е редовен професор на катедра финансии, а истовремено ја извршува и функцијата Раководител на катедра. Покрива предмети од областа на финансиите со посебен осврт на јавните финансии.

Наставниот ангажман е следен: Јавни финансии, Монетарна и фискална политика на ЕУ, Економија на јавен сектор, Осигурување.