Проекти

Развој на одржлива технологија за производство на нови композити со обезбедување на повратен тек на отпадниот материјал

Во овој проект ќе биде испитувана одржлива технолошка постапка за производство на разни конструктивни материјали за примена во земјоделството, градежната и индустријата за мебел и др. Ќе бидат применети процесите на компресија и инјекционо обликување, а како основен материјал ќе се користи текстилен и пластичен/рециклирачки отпад и  биоразградлив материјал од обновливите ресурси во нашата земја. Паралелно, ќе се испитува можноста за воведување одржлива технолошка постапка за добивање на нови композити од повеќекратно рециклиран материјал.