Проекти

НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ МЕТОДИ НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ЈАГЛЕНИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Опис на проектот:

Традиционалните рударски методи неможат да ги опфатат целокупните резерви на минералните суровини, а и развојот и инфраструктурните трошоци за изработка на нови рудници можат да ја направат експлоатацијата неекономична. Една од нив е подземната гасификација на јаглени (ПГЈ). Таа  има потенцијал да обезбеди чист и конвенционален извор на енергија од јагленови слоеви каде класичните рударски методи се невозможни или неекономични.