Институции на Европската унија

Целта на предметот е студентите да се запознаат со основната структурна поставеност на Европската унија, вклучувајќи ги функциите на нејзините институции, нивните надлежности, начинот на креирање на политики и на донесување на одлуки. Поконкретно, предметот претставува вовед во пошироката област на Право на Европската унија, кој ќе им помогне на студентите подобро да го разберат функционирањето на Унијата и создавањето на европското право.

Содржината на програмата е следната:

Историски развој и договори на Европската унија. Теории за европска интеграција. Европска комисија. Европски парламент. Совет на министри на Европската унија. Европски совет. Суд на правдата на Европската унија. Европска централна банка. Суд на ревизори. Други тела и институции. Перспективи на Европската унија.

Offered: 

2017