Настава

Институции на Европската унија

Offered: 

2017

Целта на предметот е студентите да се запознаат со основната структурна поставеност на Европската унија, вклучувајќи ги функциите на нејзините институции, нивните надлежности, начинот на креирање на политики и на донесување на одлуки. Поконкретно, предметот претставува вовед во пошироката област на Право на Европската унија, кој ќе им помогне на студентите подобро да го разберат функционирањето на Унијата и создавањето на европското право.

Содржината на програмата е следната:

European Foreign Policy / Надворешна политика на Европската унија

Semester: 

Spring

Offered: 

2017

Целта на предметот е студентите да се запознаат со политиките и правото на Европската унија во доменот на нејзината надворешна политика, како и нејзината улога како глобален актер во меѓународните односи. Поконкретно, студентите ќе имаат прилика да ги анализираат: институционалната димензија на надворешната политика на ЕУ, процесите на креирање на политики и на донесување на одлуки од областа на нејзината надворешна политика, како и инструментите за надворешно делување на Унијата.

Policies of the European Union / Политики на Европска унија

Semester: 

Summer

Offered: 

2017

Целта на предметот е студентите да се запознаат со активностите на Европската унија кои произлегуваат од одредбите на нејзините основачки договори, но исто така, и со политиките кои понатаму ги развива Унијата преку Европската комисија и преку другите европски институции. Политиките на Европската унија всушност го претставуваат целиот корпус на европски правила и норми, кои се заеднички за сите земји членки, а кои уредуваат прашања кои пред се’ поседуваат супранационален карактер, како што е заедничкиот пазар, царинската унија, или пак земјоделската политика.