EU Law / Право на Европска унија

Целта на оваа предметна програма е запознавање на студентите со основите на правото и на правниот систем на Европската унија, кои заедно го претставуваат acquis communataire на Унијата. Подетално студентите ќе имаат можност да ги изучуваат изворите на правото на ЕУ, основните институции, овластувањата и надлежностите на Европската унија во рамките на законодавниот процес, директното дејство и супрематијата на правото на Европската унија во однос на земјите членки, основните принципи на правотот на ЕУ, разните постапки на одлучување пред Европскиот суд на правдата и сл. Сето ова ќе биде истражувано низ праксата и низ конкретни студии на случај, кои ги воспоставуваат основите на европското право.

Содржината на студиската програма е следната: 

Контекст на парвото на Европксата унија. Институции на ЕУ. Извори на правото на ЕУ. Законодавни овластувања на ЕУ и делегирање на овластувања во рамките на ЕУ. Директно дејство и супрематија на правото на ЕУ. Општи принципи на правото на ЕУ. Примарно и секундарно законодавство. Постапки на одлучување пред Европскиот суд на правдата. Студии на случај. Хармонизација на македонското законодавство и законодавството на ЕУ. Примена на европското право во македонскиот поредок. 

  

Semester: 

Winter

Offered: 

2017