European Foreign Policy / Надворешна политика на Европската унија

Целта на предметот е студентите да се запознаат со политиките и правото на Европската унија во доменот на нејзината надворешна политика, како и нејзината улога како глобален актер во меѓународните односи. Поконкретно, студентите ќе имаат прилика да ги анализираат: институционалната димензија на надворешната политика на ЕУ, процесите на креирање на политики и на донесување на одлуки од областа на нејзината надворешна политика, како и инструментите за надворешно делување на Унијата. Исто така, студентите ќе ги проучуваат вредностите и целите на Европската унија, кои Унијата ги промовира преку нејзините трговски односи, политиките од областа на развојот, надворешната и безбедносна политика како и заедничката безбедносна и одбранбена политика, при што, посебен акцент се става на кохерентноста и на конзистентноста на нејзините надворешни политики кон земјите од светот. 

Содржината на предметот е следната: 

Содржина на предметната програма:  Теориска и концептуална рамка за Европската унија во меѓународните односи. Историја и еволуција на надворешната политика на Европската унија. Структура на системот на надворешна политика на Европската унија. Носители на надворешна политика на Европската унија. Начин и процедури на креирање на политики и донесување на одлуки од областа на надборешната политика на Европската унија. Категории на надворешна политика на Европската унија: Трговска политика, Надворешни односи од областа на развојот, Заедничка надворешна и безбедносна политика, Заедничка безебедносна и одбранбена политика, Политика за проширување и Политика за соседство. Инструменти на надворешна политика на Европската унија. Цели на надворешна политика на Европската унија и вредности на Унијата. Кохерентост на надворешната политика на Европската унија. Европската унија и меѓународните организации. Европската унија и глобалните актери: САД, Русија, Кина, нови сили во подем и исламот. Перспективи на Европската унија и теории за европска интеграција.

Semester: 

Spring

Offered: 

2017