Информации

Д-Р СУБ.СПЕЦ. АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ

Директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ

Д-р Александар Трајановски е роден на 03.12.1980 година, во Скопје.

Во 2006 година дипломира на  Медицинскиот факултет  во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2008 година започнува со приватна специјализација по ортопедија.

Во 2011 година започнува со работа на Универзитетска клиника за Ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ  Скопје.

Во 2012 година се здобива со звањето специјалист ортопед. Во 2013 година  добива стипендија за  едномесечен едукативен престој за артроскопија на колено и рамо во болницата  Аџибадем Истанбул, Турција.

Д-р Александар Трајановски едукацијата ја продолжува со стипендија и едномесечен едукативен престој на истата област во Универзитетскиот Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија   во 2015 година.

Во 2016 година го започнува III циклус на докторски студии по медицина на Медицинскиот Факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, С.Македонија. Во периодот од 2017 до 2019 година ја завршува субспецијализацијата по трауматологија Медицинскиот Факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, С. Македонија и се здобива со звање субспецијалист трауматолог.

Активно е вклучен во работата на повеќе стручни комисии  на Универзитетска клиника за Ортопедски болести при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ  Скопје.

Д-р Александар Трајановски  е лиценциран судски вештак во областа ортопедија и трауматологија.

Учествува како член во  национален научен проект: “Трауматски повреди во северозападна Македонија – Епидемиологија и третман.

Д-р Александар Трајановски  е член и на Македонско Ортопедско Трауматолошко Друштво МАДОТ.

Во  Октомври 2020 година е назначен  за вршител на должност – медицински директор на  ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.