Јавни служби

Целта на овој предмет е студентите да се стекнат со исцрпни знаења за јавните служби нивната улога и значење во институционалниот механизам. Политиката, регулирањето и облиците на јавните служби во Европската унија. Покрај тоа студентите ќе се запознаат со јавните служби во Република Северна Македонија и законските прописи кои ги регулираат истите. Исто така ќе ги осознаат видовите, организацијата, поставеноста и насоките за реформа на истите во координација со Европското законодавство.

Во содржина на предметната програма е опфатено изучување на основните поими, постанокот и развојот на јавните служби. Покрај тоа опфатени се видови јавни служби и функционално и организациско одредување на јавните служби. Исто така опфатена е Европската Унија и јавните служби како дејности со посебни овластувања. Универзалните услуги во јавните служби, континуитетот на услугите, достапноста, регулирање на цените и квалитетот, достапноста, сигурноста на корисниците. Основите на правниот режим на јавните служби, либерализацијата и извршувањето на јавните служби. Јавните служби во Република Северна Македонија и нивната законската заснованост, нивното функционирање, финансирање. Јавните установи и останатите облици на организирање и дејноста на јавните служби.

Class: 

Јавни служби