Д-р Будима Пејковска Шахпаска е родена во Скопје.
Своите студии по стоматологија ги завршува на Стоматолошкиот факултет при УКИМ, Скопје, Северна Македонија, како првенец на својата генерација.
Постдипломски студии успешно ги комплетира, со одбрана на магистерскиот труд „Функционално-естетски аспекти на примена на покровни протези во современата стоматолошка протетика“, во 2012 година.
Истата година успешно ги завршува своите специјалистички студии од областа на стоматолошката протетика и со обраната на специјалистичкиот труд и положување на специјалистички испит се стекнува со звање специјалист по стоматолошка протетика.
Одлично ги завршува и докторските студии со просек 10,00, а на 04.01.2018 година со успех ја брани и докторската дисертација под наслов: „Индивидуално дизајнирани ноќни протези при естетско-функционална рехабилитација на пациенти со бруксизам“.
Поседува сертификати за положени испити и за одлично познавање на англискиот јазик (FCE и CAE).
Од 2008 до денес е вработена на клиниката за мобилна стоматолошка протетика при ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки клинички Центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, Северна Македонија.
Д-р Будима Пејковска Шахпаска обавува вежби на дипломирани стоматолози, на стаж на на клиниката за мобилна стоматолошка протетика при ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки клинички Центар „Св. Пантелејмон“.
Избрана е за едукатор на специјализанти, под налог на Министерството за здравство на Р. С. Македонија, кои обавуваат специјализација од областа стоматолошка протетика или имаат друга специјализација, а посетуваат надворешни турнуси на клиниката за мобилна стоматолошка протетика при ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки клинички Центар „Св. Пантелејмон“. На тој начин активно е вклучена во процесот на едукација на стоматолози, а е достапна и за консултации.
Има посетувано стручни курсеви/работилници односно практични курсеви и тоа:
1. Темпоромандибуларни нарушувања - основен курс; Дијагноза и терапија на акутни зглобни и мускулни дисфункции со антериорни депрограмери, како и
2. Темпоромандибуларни нарушувања - напреден курс; Употреба на стабилизациски и репозициски сплинтови кај хронични заболувања на виличниот зглоб и мускулатура (раководени од проф. д-р Билјана Капушевска).
За истите се има стекнато со соодветни сертификати кои овозможуваат самостојно изработување на антериорни депрограмери, како и стабилизациски и репозициски сплинтови во секојдневната клиничка практика.
Има посетувано курс и симпозиум оддржан од Имплантолошкото здружение на Северна Македонија:
1. Advanced implant prosthodontics program - theory and hands on (доц. д-р Шушак Зоран и стом.тех.Тони Наунов);
2. Симпозиум на Имплантолошкото здружение на Р. Македонија со меѓународно учество – Превенција на компликации во имплантологијата - гаранција за успех;
За истите поседува соодветни сертификати кои овозможуваат примена на имплантолошките методи во секојдневна протетичка клиничка практика.
Кандидатката има објавувано бројни трудови како автор и коавтор во домашни и во странски списанија. Има учествувано активно на семинари, симпозиуми, работилници и конгреси.
Др. Будима Пејковска Шахпаска е член на организацискиот одбор на здружението на специјалисти на МСД, како и активен член во организацискиот одбор на BaSS.
Коавтор е на книга и на практикум од областа на стоматолошката протетика.
Активно учество имала и во два национално-научни проекти, значајни за подигнување на свеста за оралното здравје.
Од 2022 е избрана во звање насловен доцент на Факултетот на медицинински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија за наставно-научна област Протетика.