Информации

 

 

Б И О Г Р А Ф И Ј А

 

 

Д-р Беким Татеши, роден е на 13.09.1969 год. во Струга.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Загреб во 1998 год. со среден успех 8.03.

По завршен стаж и полагање на државниот испит бил ангажиран во Заводот за Нефрологија во Струга, како лекар секундарец во одделот за хронична хемодијализа.

Во 2002 год. добил и ја започнал специјализацијата по офталмологија во Универзитетската клиника за очни болести во Скопје. Во 2005 год. во тек на специјализација се вработил во Универзитетската клиника за очни болести во Скопје.

На 15.03.2007 год, со успех го положил специјалистичкиот испит и се стекнал со звање СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ОФТАЛМОЛОГИЈА и е систематизиран во одделот за страбизам и педијатриска офталмологија.

В0 2008 год. се стекнал со титула помлад асистент на Медицинскиот факултет по предметот Офталмологија.                                                                                                                           

Во 2009 год. под супервизија на Проф.Др.Ана Орос, по прв пат го воведе скринингот на прематурна ретинопатија во Р.Македонија.

Во 2011 год. учествувал со оригинален труд на Веил Корнел Сминарот во Салцбург, Австрија и добил прва награда од Веил Корнел Медицинскиот колеџ во соработка со Австриско Америчката Фондација.

Во 2012 год. запишал трет циклус на студии во Школата за Докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, смер Клиничка медицина - Офталмологија и под менторство на Проф.д-р Весна Димовска-Јорданова во 2016 год. ја одбранил докторската дисертација со тема “ ПРЕМАТУРНА РЕТИНОПАТИЈА -скрининг и современа терапија “ и се стекнал со звање „ДОКТОР НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ-КЛИНИЧКА МЕДИЦИНА“.