Денталните анатомски варијации, конкретно, се изучуваат во определени стоматолошки специјалности: реставративната стоматологија, ендодонцијата, оралната и максилофацијална хирургија, судска стоматологија, ортодонција.
Главната цел на ова испитување е потребата за прецизно утврдување на надворешните и внатрешни морфолошки карактеристики на хумани заби од трајната дентиција.
Научно-истражувачката цел треба да се состои во поврзување на морфолошките варијации на коренските карактеристики и варијациите на коренскиот канален систем на еднокорени и повеќекорени заби.
Основна цел е да се изврши процена на квалитетот на употребените методи на работа, односно техниките на декалцификација при применета еднаква техника на чистење и подготовка.
Истражувачкиот примерок на оваа експериментална студија се состои од 880 хумани трајни заби. Класификацијата ќе биде направена според видот на забот, распределени во две групи: еднокорени заби и повеќе корени заби.
Метод на работа:
1. Подготовка, класификација и декалцификација на забите за анализа.
2. Анализа на морфолошките карактеристики на примероците (утврдување на наодите). Со цел за објективизација на наодите ќе се формираат два истражувачки тима кои посебно ќе извршат утврдување и анализа на наодите.
3. Статистичка анализа на добиените резултати.
Проектот ќе се реализира во Лабораторијата за стоматолошка научноистражувачка работа
Очекувани резултати:
Од предложениот научно истражувачки проект се очекува да се направи детална научна студија за морфологијата на забите и каналниот систем, да се утврдат морфолошките варијации на еднокорени и повеќекорени заби.
Истражувачки тим:
Раководител (главен истражувач): проф д-р Цена Димова, вонреден професор
Истражувачи:
1. Проф. д-р Милка Здравковска, редовен професор
2.Проф д-р Дарко Бошњаковски, вонреден професор,
3. Проф д-р Лидија Поповска, вонреден професор
4. Проф д-р Ивона Ковачевска, вонреден професор
5. Доц. д-р Сања Костадиновиќ, доцент
6. Доц. д-р Киро Папакоча, доцент
Млади истражувачи:
1. ас. д-р Александар Серафимов, мр. сци
2. ас. д-р Јулија Заркова, мр. сци
3. ас. д-р Катерина Златановска
4. д-р Михајло Петровски, мр.сци