Со изучување на предметот ,,Меѓународни организации" студентите ќе се запознаат со меѓународните организации, нивната поставеност, функција и начин на одлучување и работа. Подетално студентите ќе се запознаат со историскиот развиток на меѓународните организации и потребата од нив, теоретските поделби и класификации на истите како и изучување на конкретни меѓународни организации од отворен и затворен тип, како од глобален карактер и општа надлежност така и од регионален карактер и специјализирана надлежност. Предметот е структуриран на начин кој дава приказ на еволуцијата на меѓународните организации преку една историска ретроспектива, па се до современите меѓународни организации (владини и невладини) и предизвиците со кои се соочуваат денес. Особено внимание ќе се посвети на запознавање на студентите со процедуралниот дел на работата на конкретни меѓународни организации и начините на носење одлуки во истите. This subject is also offered in English language.
2023