Целта на предметот е запознавање на студентите со основните начини на функционирање на дипломатијата како основно средство за постигнување на надворешно политички цели на било која држава. За оваа цел неминовно е изучување на основните поими и институти на диплматското и конзуларното право. Во потесна смисла целата на предметот е запознавање на студентите со начините на меѓународната кореспонденција било да е тоа меѓудржавна или пак помеѓу држава и меѓународна организација но и помеѓу меѓународна организација и друга меѓународна организација. Во овој правец предмет на изучување се видовите на дипломатија, историската ретроспектива на дипломатските активности, начините и процесите на воспоставување но и прекинување на дипломатските и конзуларните односи на билатерално или пак мултилатерално ниво, изучување на носителите, функциите, привилегиите и имунитетите на дипломатските и конзуларните претставници, дипломатските претставништва, специјални мисии инт. Конечно, се обработуваат и јавната дипломатија но и сајбер дипломатијата како едед понов вид на дипломатија.
|
|
Winter
2023