Биографија
ДЕЈАН ПРОШЕВ, баритон и оперски режисер, роден 1979 во Скопје.
Студирал оперско пеење на Академијата за музика „Панчо Владигеров“ во
Софија, Бугарија, каде што се здобива со дипломи за основни и магистерски
студии од одделот за оперско пеење во класата на професорот Нико Исаков. Во
2012 година магистрира и музичко-сценска режија во класата на професорот
Павел Герџиков. Во 2002 година дебитира како пејач во детската фантастична
опера „Светулка“, од В. Чучков, во Националната опера и балет во Софија.
Подоцна ги интерпретира баритонските улоги во претставите на Македонската
опера меѓу кои „Турандот“, „Тајниот брак“ и „Посетата на старата дама“, исто така
и во „Приказната за светлината“ во Националниот музички театар во Софија. Во
2005 година е ангажиран како асс. режисер во МОБ, од 2007 година започнува да
работи како проект-менаџер во операта, а во периодот од 2008 до 2010 година е
назначен за уметнички директор на операта на МОБ. Од декември 2010 до
ноември 2015 година е назначен за директор на Македонската опера и балет.
Како режисер стои зад повеќе продукции, како „Трубадур“ и „Аида“ во МОБ;
„Волшебната флејта“ во Националната опера во Тирана; „Травиjата“ во Фиренца;
и „Турандот“ во Диано Марина во Италија; „Тоска“ во Народниот театар во
Белград; „Андреа Шение“ во Осака, Јапонија; „Адријана Лекуврер“ и „Моќта на
судбината“ во Варна,Бугарија; „Боеми“ во МОБ и Аман, Јордан, Аида 2019 МОБ,
Симон Боканегра(2019),балетот„Рајмонда“(2021) и Ернани (2022) во Варна,
Бугарија; „Палјачи“ во МОБ и др.
Член е на меѓународни жирија на еминентни натпревари по оперско пеење.
Од 2016 година е ангажиран како доцент по оперско студио и сценски движења на
ФМУ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Р.Македонија, а од 2021год. е
реизбран како вонреден професор на истиот факултет.