Јакнење на деловните капацитети на жените претприемачи во Република Македонија, како земја во развој

Strengthening (of) the capacity of women entrepreneurs in Republic of Macedonia, as a developing country

Постер

Проект

Апстракт

Жените претприемачи го гледаат светот на различен начин.  Ова се рефлектира на видовите на бизнис активности што тие ги почнуваат и начинот на кој ги водат. Нашата земја, како земја во развој има потреба од претприемачи кои гледаат и осознаваат нови можности и се подготвени да ги преземат потребните ризици во искористувањето на овие можности. Женското претприемништво се назначува како нова движечка сила, како важен "неискористен извор" за раст и развој на економиите. Во овој проект ние се фокусираме на деловните капацитети, анализа на менаџерските и лидерски способности, стратегиското планирање, како и маркетинг и финансиските способности. Имплементацијата на сите овие фактори во работењето на претпријатијата се поставуваат како еден од клучните фактори за развој на конкурентност, но и на економијата во нашата држава во целина. Како основен метод ќе се користи методот на истражување, со комбинација на квантитативно и квалитативно истражување. Како техника на истражување ќе се примени комбинација од: лично, полу- структурирано интервју, по кое ќе следи испитување преку структуриран анкетен прашалник, follоw- up, т.е. следбено интервју и анализа на фокус група, за длабински увид во проблематиката на истражување. Како основа на статистичката анализа ќе биде параметарска статистика, преку поставените номинални, ординални и интервални мерни скали за оценка на анализираните појави, односно анализирање на нумерички податоци. Според видот, истражувањето ќе биде апликативно (оригинално примарно истражување кое ќе резултира во сознанија наменети за нивна практична примена во бизнис секторот, со цел за подобрување на деловните капацитети на жените претприемачи) и експериментално (систематски приод кон креирање на нови и подобрени бизнис процеси, модели и системи за мали и средни претпријатија, врз основа на добиеното знаење) истражување.

Abstract

Women entrepreneurs perceive the world differently. This is reflected in the types of business activities that they begin and how they lead them. Economic development in a country is the result of motivation and commitment of human activity, and our country as a developing country needs entrepreneurs who see and perceive new opportunities and are willing to take the necessary risks in exploiting these opportunities. Women entrepreneurship is appointed as a new driving force, as an important "unexploited source" for growth and development of economies. In this project we are focusing on business facilities, analysis of managerial and leadership skills of women entrepreneurs, strategic planning, as well as marketing and financial abilities. The implementation of all these factors in the operation of enterprises where there are women entrepreneurs is one of the key factors for the development of competition in this kind of entrepreneurial business. Within the planned project as the main method will be used the method of research, in combination of quantitative and qualitative research. As research techniques will be applied the combination of: private, semi-structured interview, which will be followed by examination through structured questionnaire, follow- up, i.e. following interview and focus group analysis, for deeper insight into the research problem. As the basis of statistical analysis will be parameter statistics, by the determined nominal, ordinal and interval measurement scales for phenomena analysis, i.e. analyzing numerical data. According to the type, the research will be applicative (original primary research that will result in information intended for their practical application in the business sector in order to improve the business capacity of women entrepreneurs) and experimental (systematic approach to creating new and improved business processes models and systems for small and medium enterprises, based on emerging knowledge) research.

Истражувачи:

Проф. д-р Еленица Софијанова

Проф д-р Ристе Темјановски

Доц. д-р  Тамара Јованов Марјанова

Доц. д-р  Љупчо Давчев

асс. м-р Душко Јошевски

Произлезени трудови од проектот

http://eprints.ugd.edu.mk/14403/ СО ИМПАКТ ФАКТОР: SCImago 0.156 (Scopus; Science Direct)  https://www.elsevier.com/journals/procedia-social-and-behavioral-sciences/1877-0428/abstracting-indexing)

http://eprints.ugd.edu.mk/15777/ 

http://eprints.ugd.edu.mk/16717/ (Springer International Publishing)

http://eprints.ugd.edu.mk/13772/  (16th EBES Conference, May 2015, Istanbul, Turkey)

http://eprints.ugd.edu.mk/16147/  (19th EBES Conference - Istanbul, May 26-28 2016, Istanbul, Turkey)

http://eprints.ugd.edu.mk/17863/  (22nd EBES Conference, 24-26 May 2017, Rome, Italy)