НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ: „Влијанието на социјалните детерминанти врз перинаталниот исход на новородените деца“
ГЛАВЕН ИСТРАЖУВАЧ: Проф д-р Елизабета Зисовска
ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: Од: 01.11.2017 До: 01.11.2018
1. УЧЕСНИЦИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ
а) Главен истражувач: Проф д-р Елизабета Зисовска, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.
б) Соработници – истражувачи: д-р Вишна Гацова, Др Катерина Џатева, Дритан Даути, Гоце Калцев, Симон Бешлиев (студенти на прв и втор циклус на студии)
2. ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Во тек на истражувачкиот период, беа спроведени следните активности:
- Направена систематска анализа на објавените податоци и трудови (desk review) на тема Социјални детерминанти и перинатално здравје. Потоа, се спроведе системски преглед на достапната документација за мртвородедни и новородени со лош исход во Република Македонија, постоечките прописи и начин на регистрација, Стратегијата за безбедно мајчинство и други релевантни документи. Во тек на периодот за изработка на системската анализа, се направи детален преглед на 38 цели трудови и студии во светот (комбинирано, развиените земји, земји во развој и неразвиени земји) кои беа соодветни на опсегот и областа од инетерс во нашиот Проект. Прашањата поставени во системската анализа беа следните:
- -Во која средина е работена студијата/извештајот
- -Кои детерминанти се обработуваат
- -Кој модел е применет
- -Кои се резултатите
- -Какви се заклучоците
- -Кои се препораките
- -Други информации од интерес
Во анализата се наиде на податоци за силната поврзаност (висок степен) на корелација на поголем број на социлајни детерминанти со здравјето воопшто, а посебно со перинаталното здравје на мајката и детето. Податоците добиени од оваа системска анализа че се користат како споредбени за резултатите добиени во нашата студија, со приказ на интерпретацијата на социјалните детерминанти.
- Се спроведе истражување во поголемите породилишта (Скопје, Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Велес) со детална анализа на морбидитетните и морталитетните показатели. Во тек на истражувањето се направи и статистичка анализа за поврзаноста на социјалните детерминанти со исходот на бременоста. Како несакани исходи беа прематуритет, мали новородени за гестациската возраст, новородени со амла родилна тежина-под 2500 грама, смртност). Се користеа детерминантите предложени од Светската здравствена организација (пол, возраст, образование, вработеност, рурална/урбана средина на живеење, социо-економска состојба, достапност до вода, струја, компјутер, интернет, животни навики, начин на исхрана, достапност и пристапност до здравствена заштита), број на антенатални прегледи и детектирани ризици. Регистрацијата се спроведе согласно изработен семиквантитативен сгруктуриран прашалник, валидиран од Светската здравствена организација (користен во Институтот за медицина во Велика Британија). Од добиените резултати е објавен еден труд, вториот е во фаза на објавување (профатен за објавување после помината рецензија), и третиот труд е во изработка, со дел од резултатите кои ќе се презентираат на Конференцијата закажана на 27.10.2018 година во Штип во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
- Се спроведоа неколку дискусии во фокус групи на родилки за нивната перцепција за антенаталната здравствена заштита, достапноста на квалитетна здравствена заштита, препознавањето на знаците на болест кај бремената, родилката и нејзиното новородено дете. Се користеа стандардни формулари препорачани од Светската здравствена организација. Добиените квалитативни податоци ќе бидат објавени во стручна публикација.
Публикации:
- Објавен труд: Elizabeta Zisovska, Goce Kalcev, Dritan Dauti, Simon Besliev, Visna Gacova, Katerina Dzateva. The Impact of Social Determinants on Perinatal Outcome. (2018) International Journal of Sciences: Basic and Applied Research (IJSBAR), Vol 41, No 2, pp 132-143
Труд прифатен за објавување после помината двојна слепа рецензија: Зисовска Елизабета. Перинатален исход во контекст на социјалните детерминанти на здравјето. Архиви на јавното здравје (со меѓународен уредувачки одбор), во октомвриското издание на списанието
Активност во тек, а финансирана од средствата одобрени за Проектот:
Во тек е припрема на Научна конференција на тема „Социјалните детерминанти и здравјето на населението“ која ќе се одржи на 27.10.2018 година. На конференцијата јавно ќе се презентираат резултатите од научно-истражувачкиот Проект, со можност за дискусија и донесување на одредени препораки. Одлуката на ННС за одржување на Конференцијата е со број 2002-178/10 од 02.07.2018 година. На Конференцијата покрај учесници од земјата од различни клинички области и јавноздравствени институции, свое учество пријавија Проф д-р Саша Живиќ, педијатар, од Факултетот за медицински науки во Ниш и д-р Едуард Туше, консултант на Светската здравствена организација, во моментот консултант во Македонија за подобрување на перинаталната здравствена заштита.
Во фаза на рецензија е трудот: The relationship between socioeconomic factors and perinatal outcome of term and near-term newborns од страна на рецензенти на списание на Индиската академија на педијатрите (во соработка со педијатриската академија на Велика Британија)