Библиографски податоци за Проф. д-р. Голубинка Бошевска
Проф. д-р.. Голубинка Бошевска (родена Мицева) е родена на 09.04.1971 год. во Кочани. Основно училиште и гимназија завршила во Скопје со континуиран одличен успех 5.00 во сите учебни години. Дипломирала на Медицинскиот Факултет во Скопје во 1995 год. со просечен успех 9,5. Стручниот испит го положила на 31.05.1996 год. и се стекнала со работна лиценца. Во периодот 1996-1997 е вработена како млад истражувач во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при Македонската Академија на Науки и Уметности (МАНУ). Од април месец 1999 год. е во редовен работен однос во Републичкиот завод за здравствена заштита, на Одделението за вирусологија.
На 27.12.2005 со одбрана на магистерскиот труд “Докажување на рибонуклеинска киселина на хуман имунодефициентен вирус со полимеразно верижна реакција кај серопозитивни пациенти” се здобива со научен степен - магистер по медицински науки од областа молекуларна биологија.
Специјалистичкиот испит по специјалноста – микробиологија и паразитологија го полага на 13.02.2003 година и се стекна со звање - специјалист по микробиологија и паразитологија.
Со јавната одбрана на докторскиот труд под наслов "Лабораториска дијагноза и следење на инфлуенца вирусите во Република Македонија - проспективна студија за проценка на три методи" на 30 Декември 2015 година станува доктор по медицински науки.
Од 01.07. 2009 година до денес е началник на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагнистика при Институтот за Јавно Здравје.
На 7 ми април 2014 година се здоби со звањето Примариус.
Од 2016 година таа е и надворешен оценувач за акредитација на здравствени установи при Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија (АКАЗУМ).
За насловен доцент за наставно научната област микробиологија при Факултетот за Медицински Науки, Универзитет Гоце Делчев- Штип, е одбрана на 01.06.2017. Од 2017/2018 година за студенти од прв циклус на стручните студии ги предава предметите: Микробиологија со имунологија и Микробиологија со паразитологија. Во 2018/2019 го предава и предметот Имунологија за студентите од прв циклус на Општа медицина. Од истата година за студенти од втор циклус го предава предметот Техники на испитување на рикеции, вируси и фунги.
Избрана во звањето доцент за наставно – научна област микробиологија при Факултетот за Медицински Науки, Универзитет Гоце Делчев- Штип, во јули 2021 година. Од 2021/2022 година предава Микробиологија со имунологија на студентите по дентална
медицина и Микробиологија со паразитологија на студентите по фармација, при Факултетот за Медицински Науки.
Од 20 Мај 2022 е избрана во звањето вонреден професор.
Од фебруари 2020 година активно е вклучена во процесот на одговор кон КОВИД-19 како консултант на Светската Здравствена Организација (СЗО) за лабораториска дијагностика на САРС-КоВ-2, а од септември 2020 до септември 2022 и како лабораториски технички офицер. Во целиот период е активно вклучена во воведување на методите за лабораториска детекција на САРС-КоВ-2 и унапредување на националните капацитети на 7 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Србија). Учествувала во изготвувањето на шест Стандардни оперативни процедури, тринаесет СЗО тренинг пакети, и национални документи како што се стратегии за тестирање и национални програми за секвенционирање. Од Јануари 2023 година Др Бошевска е консултант на Светската Здравствена Организација (СЗО) за лабораториска дијагностика, активно вклучена во спроведување на тренинзи и континуирани едукации на лабораториски експерти, справување со епидемии предизвикани од патогени агенси, изготвување на национални документи за земјите членки и политики за развој на лабораториските системи.
Номинации:
Др Голубинка Бошевска е
- Национален координатор за антимикробна резистенција – од 2008 – 2022
- Алтернативен Набљудувач во Форумот на Националните координатори за микробиологија при ECDC (2013-)
- Контакт лице за лабораториско рапортирање на морбили и рубеола и инфлуенца во СЗО
- Национален Координатор за Лабораториска Задршка на див полио вирус и биосигурност на лаборатории (од 2005 -)
- Oдговорно лице, сертифицирано од СЗО за Македонија, за транспорт на инфективен материјал (oд 2005 - ).
- Контакт лице за имплементација на Меѓународен Здравствен Правилник (2019-2020)
- Рапортирање на инфлуенца во СЗО/ЕЦДЦ системот TESSy
Членство во работни групи и комитети/комисии
Член е на: Македонското лекарско друштво; Лекарската комора на Македонија; Македонското здружение на микробиолози; Федерацијата на Европски микробиолошки здруженија; Македонско здружение за контрола на интрахоспитални инфекции; Европската научна група за инфлуенцa; EPISOUTH PLUS Project – мрежа за контрола на јавно здравствени закани во медитеранот и југоисточна Европа; MediLabSecure мрежа на земјите на Медитеранот и Црното море за следење на вирусни причинители кај луѓето и животните; Европската мрежа за дијагноза на “импортирани “ вирусни заболувања (ENIVD) – мрежа на колаборативни лаборатории за одговор (CLRN); Европската мрежа на лабораториски експерти за детекција и следење на новите закани од вирусни заболувања (EVD-LabNet) при Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC); SECID мрежата на држави на Југоисточна Европа.
Др Бошевска е член на повеќе работни групи и комисии при Министерството за здравство: 1. член на Мултисекторската комисија за антимикробна резистенција при Министерството за здравство (2009 - 2022), 2. Комисија за Пандемиски грип при Министерството за здравство(2009), 3. Националниот Комитет за контрола на интрахоспитални инфекции при Министерството за здравство (2012), 4. Националниот Комитет за имплементација на Меѓународниот здравствен правилник - одговорно лице за работната група за лабораториски капацитети (2013), 5. Претседател на Националниот Комитет за верификација на ерадикација на морбили и рубеола (2013), 6. Комисија за усогласување на Меѓународните здравствени регулативи со законодавството во Република Македонија.7. Националниот CAESAR тим (за следење на антимикробната резистенција 2013-), 8. Националниот тим за следење на антимикробната осетливост (2016- )
Член е на комисии и работни групи при други Министерства: 1. Националната Комисија за Птичја Инфлуенца при Министерството за земјоделство (2006); 2. член на работната група за изработка на Акциски план за имплементација на резолуцијата на СБ на ОН 1540 за неширење на оружје за масовно уништување при Министерството за надворешни работи (2013); 3. експерт во работата на националното тело за справување со хемиски, биолошки и радиолошки закани при Министерството за надворешни работи на Р. Македонија.
Член е на стручниот тим за координација при Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија кој учествува во стручно и координирано проследување на информации од меѓународно здравствено значење (2013).
Др Бошевска била надворешен член на комисиите за интрахоспитални инфекции при Универзитетска клиника за кардиологија и ЈЗУ Геронтолошки Институт “13 Ноември” Скопје каде активно учествувала во изготвување на програмите за спречување на интрахоспитални инфекции. Од 2013-2014 година е член и на комисијата за интрахоспитални инфекции при Универзитетска клиника за клиничка биохемија. Член е и на комисијата за интрахоспитални инфекции при Универзитетска клиника за убо, нос и грло од 2018.
Учество во програми и проекти
Во 2004 год. Прим др Голубинка Бошевска учествува како дел од тимот при Министерството за здравство за изработка на Консензусот за превенција, дијагностика, рационализирање на терапијата и мониторинг на пациентите со хепатитис Б и хепатитис Ц во Република Македонија.
Истата година Др. Бошевска е активно вклучена во имплементација на анонимното, доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА во Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.
Во 2005 год. е вклучена од Глобалниот фонд во експертската група за изготвување на протокол за поставување на ХИВ дијагноза - Програма за обезбедување на квалитет на лабораториското тестирање на ХИВ во Република Македонија, изготвена во 2006 година (ИЈЗ, МЗ). Во периодот 2008 – 2012 година Др Бошевска е активен учесник во спроведување на програмските активности во ХИВ/СИДА превентивната програма подржана од Глобален фонд Бр 8: Подобрување на национaлниот систем за следење на ХИВ инфекцијата (2005-2007); програмските активности Бр 7A и 7B: Анонимно тестирање и советување (2005-2007); и програмската активност Бр 1:Мониторинг на ХИВ позитивните случаи. Проширување на мрежата за ХИВ советување и тестирање. Во периодот од 2012-2014 и 2015-2016 вклучена е како координатор на проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија – Одржлив развој”, сегмент на активност “Тестирање и советување”, подржано од Министерството за здравство и Глобален фонд.
Од 2017 – 2021 година учествува како контакт лице при ИЈЗ во имплементација на проектот "Активности за теренско ХИВ тестирање и советување кај клучни популации" на Министерството за здравство.
Во 2011 година Др Голубинка Бошевска, како национален координатор за антимикробна резистенција е дел од авторскиот тим на првата Национална стратегија и акциски план за контрола на антимикробната резистенција 2012-2016 година, и втората Национална стратегија со акциски план за контрола на антимикробната резистенција 2019-2023 година
Таа е еден од авторите на првиот Протокол за ХИВ тестирање и советување на лица заболени од туберкулоза, изготвен во октомври 2012 година во соработка со Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, и активно учествува во континуираната годишна едукацијата на докторите од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и диспанзерите за ТБЦ.
Во периодот од 2013-2016 година е координатор во изработката и спроведувањето на меѓународниот проект “Surveillance and response to avian and pandemic influenza”, Grant No. 5U51IP000841-03“ на земјите членки на SECID мрежата, а финансиран од Центарот за контрола и превенција на болести од Америка (CDC).
Во периодот од 2016-2021 година е еден од координаторите во изработката и спроведувањето на проектot “Surveillance and response to avian and pandemic influenza”, Grant No. NU51IP000884 “ на Република Македонија, а финансиран од Центарот за контрола и превенција на болести од Америка (CDC). Во 2020/2021 проектот е проширен со зајакнување на одговорот кон КОВИД-19.
Во периодот од 2014-2019 др Бошевска е контакт лице за хумана вирусологија и медицинска ентомологија во имплементација на MediLabSecure project (DG-DEVCO European Commission) – мрежа на приницип на едно здравје за превенција на вектор преносливите заболувања во Медитеранските земји и регионот на Црното море.
Од 2019 е контакт лице за хумана вирусологија и медицинска ентомологија во имплементација на MediLabSecure project (DG-DEVCO European Commission) – мрежа на приницип на едно здравје за превенција на вектор преносливите заболувања во Медитеранските земји и регионот SAHEL.
Била консултант во реализација на EU CBRN CoE project 3 "Knowledge development and transfer of best practice on biosafety/ biosecurity/biorisk management" (2015) во Македонија како и во реализација на EU CBRN CoE project 7 "Guidelines, procedures and standardization on biosafety/biosecurity" во Македонија (2013-2015).
Др Бошевска е дел од тимот за реализација на два проекти подржани од Заедничката иницијатива на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и TDR (специјалната програма на УНИЦЕФ/УНДП/Светската банка/СЗО за истражувања и обуки за тропските болести) од 2019 година:
А)„Оценување на важноста на прилагодувањето на клиничките упатства за придржување и внимателно препишување антибиотици во болниците со пилот интервенции за сепса, бронхопневмонија и уринарни инфекции кај деца“ кој се спроведува во соработка меѓу Центарот за истражување и соработка за регионална политика „Студиорум“, Универзитетска Клиника за детска болница, Медицинскиот факултет Скопје, членови на Мултисекторскиот комитет за AMR, кои ги претставуваат носителите на политики и одлуки, професионалната и академската заедница во земјата кои работат на ова многу важно прашање.
Б) "Развој на национален систем за надзор на антимикробната отпорност кај Campylobacter spp." кој се спроведува во соработка меѓу Здружението за социјални иновации и одржлив развој-РАДАР, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Факултет за ветеринарна медицина и Медицински факултет, Институтот за Јавно Здравје.
Во 2021 година Др Бошевска е учесник во проект „Praćenje genomskog i evolucijskog diverziteta SARS-CoV-2 u BiH (FBiH)“ под водство на Проф. др Ирма Салимовиќ Бешиќ, Клинички Центар на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина.
Др Голубинка Бошевска е еден од групата автори на "Прирачник за надзор на антимикробната отпорност на Campylobacter spp", од 2021 година.
Др Бошевска била активно вклучена и во изготвување на:
1. Национална Програма за елиминација на мали сипаници, рубеола и превенција на конгенитална рубеола инфекција во Република Македонија 2008-2010, (РЗЗЗ, 2008) ревидирана во 2010 за период 2010-2015
2. Акционен план за ставање под контрола на вектор-преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во Република Македонија (2012)
3. ревизија на Оперативниот план и водичите за управување со ризик во случај на пандемиски грип во Р. Македонија при Министерството за здравство (Септември-Октомври 2013)
4. Стратегијата за здравје до 2020 на Република Македонија (2016)
5. План за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи (2017)
6. Стратегија за ХИВ во РМ 2017-2021
7. Акциски план за имплементација на резолуцијата 1540 на Советот за безбедност на Обединетите нации за неширење на оружје за масовно уништување за 2014-2017 година
8. Акциски план за сексуално и репродуктивно здравје на Република Македонија, 2018 - 2020 година
9. Стратегија за борба против ширењето на оружјето за масовно уништување и заштита од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани во Република Македонија (2018)
10. Акциски план 2019-2021 година за спроведување на Стратегијата за борба против ширењето на оружјето за масовно уништување и заштита од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани (2019)
Учествува во изработката на Прирачник за биосигурност за лабораторија за вирусологија и молекуларна дијагностика
Учествувала во превод на учебник Клиничка Хемија, Принципи, Постапки и Корелации, пето издание, од Michael L. Bishop, Edwad P. Fody, Larry E. Schoeff, во издание на Просветно дело, Скопје, 2009.
Стручно-апликативна и организациско-развојна дејност
Учество на работилници, тренизи, кампањи, имплементација на системи
Др Голубинка Бошевска учествувала на повеќе од 60 работилници и тренинзи во земјата и странство, но и самата учествува во процесот на континуирана едукација на здравствениот персонал активно организирајќи работилници во земјата и во странство.
Како национален координатор за антимикробна резистенција (АМР) активно е вклучена во:
а) спроведување на национални кампањи за рационална употреба на антибиотици од 2008 год до 2021 година со организација на работилници и симпозиуми на кои се претставува со свои презентации, како и подготовка на едукативен материјал за населението и здравствените работници (http://iph.mk/18-noemvri-evropski-den-za-racionalna-upotreba-na-antibiot... http://iph.mk/kampanja-racionalna-upotreba-na-antibiotici/;
http://iph.mk/odbelezani-prvata-svetska-nedela-za-racionalno-koristenje-... http://iph.mk/18-noemvri-evropski-den-za-racionalna-upotreba-na-antibiot... http://iph.mk/evropski-den-za-racionalna-upotreba-na-antibiotici-18-noem... https://waaw2020northmacedonia.mk/)ч WAAW North Macedonia – WAAW (waawmacedonia.mk)
б) национални кампањи за хигиена на рацете од 2014-2016 година со организација на работилници и симпозиуми на кои се претставува со свои презентации, како и подготовка на едукативен материјал (http://iph.mk/5-maj-svetski-den-za-higiena-na-racete/; (http://iph.mk/higienata-na-racete-e-ednostavno-i-efektivno-reshenie-za-n... (http://iph.mk/wp-content/uploads/2016/05/5momentsFINISHED-MK.pdf).
в) имплементација на CAESAR системот на следење на АМР (систем за следење на АМР согласно Централно Азиско и Источно Европско Следење на Антимикробната Резистенција (CAESAR) методологијата на СЗО која е компатибилна со методологијата на Европска Мрежа за следење на Антимикробната Резистенција (EARS-Net).
г) имплементација на методологијата на Европскиот Kомитет за Tестирање на Aнтимикробната Oсетливост (EUCAST).
Др Бошевска учествува во имплементацијата на сентинел следењето на заболувањата кои наликуваат на инфлуеца - ИЛИ/АРИ и САРИ во Република Макеоднија од 2013 година. Во рамките на оваа активност во периодот од 2013 до 2019 година активно организира 10 работилници за сентинел местата.
Како дел од нејзините годишни активности во периодот 2012-2019 организира годишни тренинзи за центрите за анонимно доброволно советување и тестирање во Р. Макеоднија, ја координира нивната активност и изготвува годишни извештаи со препораки до Министерството за здравство. Учествува и како предавач на тренинзите на докторите специјалисти од болниците и диспанзерите за туберкулоза за спроведување на дијагностичко советување и тестирање.
Др Бошевска ја организира првата обука за биосигурност, биосигурност и управување со биоризик во Македонија. (https://www.iph.mk/odrzana-prvata-rabotilnica-na-tema-razvoj-na-znaenja-...)
Др Бошевска успешно спроведува процес на акредитација на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за Јавно здравје за морбили/рубеола од 2006 година, за инфлуенца од 2009 година, за Западно нилска треска, денга и други арбовирусни инфекции од 2011 година. Од 2019 година под нејзино раководство лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ станува Национален Инфлуенца Центар препознаен од СЗО. Во 2020 се вклучува во процес на надворешна контрола на лабораторијата за детекција на САРС-КоВ-2.
Како дел од тимот на СЗО за справување со КОВИД-19 Доц Бошевска има спроведено повеке од 20 електронски едукативни работилници, и повеќе од 30 тренинзи од областа на лабораториска дијагностика на САРС-КоВ-2; детекција на мутации; примена на СНП тестови и РТ-ПЦР; секвенционирање и биоинформатичка анализа на податоци; биолошка безбедност, биосигурност и проценка на ризик; примена на брзи антигенски тестови во дијагностика на САРС-КоВ-2; употреба на алатки за пресметување на цената на еден тест како и пресметување на планирање на трошоците на една лабораторија и др, во сите држави кои се дел од Балканскиот Хаб ( Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Хецеговина, Молдавија) како и други Европски држави.
Едукативна дејност:
Др Бошевска учествувала во работилници организирани за здравствени работници за рационална употреба на антибиотици, акредитирани во Лекарска комора и Макеоднското Лекарско Друштво.
Исто така и во работилници организирани за здравствени работници за хигиена на рацете.
Како началник на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ била едукатор на специјализанти по микробиологија испратени на турнус од областа вирусологија од Медицинскиот факултет, Скопје.
Дополнително, била едукатор и на ученици од средното медицинско училиште Панче Караѓозов, Скопје во рамки на нивната пракса по микробиологија во ИЈЗ.
Како доцент на Медицинскиот факултет активно е вклучена во наставата на факултетот. Била ментор на четири дипломски работи, и учествувала во одбраната на дипломската работа на два студента.
Била ментор е на еден студент од втор циклус (специјалистички) студии: специјализација за микробиолошка лабораторија.
Др Бошевска била ко-ментор на докторската дисертација „ГЕНЕТСКА КАРАКТЕРИЗАЦИЈАИ ЕВОЛУЦИЈА НА ИНФЛУЕНЦА И SARS-COV-2 ВИРУСИ СО ПРИМЕНА НА ВТОРА И ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА НА СЕКВЕНЦИОНИРАЧКИ ТЕХНОЛОГИИ“ на м-р Маја Вуковиќ, од Природно Математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одбранета во мај 2023 година.
Во 2023 година проф Бошевска е дел од рецензионата комисија на хабилитативната теза на "Innovative products with antifungal action on some causative agents of human mycoses" на Др Олга Бурдуниук, Доктор на медицински науки, вонреден професор на Катедрата за превентивна медицина, дисциплина за микробиологија и имунологија, Државен универзитет за медицина и фармација Никола Тестемитиану (Nicolae Testemitanu) во Кишњев, Молдавија, специјалност 313.02 - Микробиологија, Медицинска вирусологија.
Проф Др Г. Бошевска во моментов е ментор на два докторанти на Факултетот за Медицински Науки, Универзитет Гоце Делчев- Штип.
Како технички офицер на СЗО за лабораториска дијагностика на САРС-КоВ-2 и како консултант за лабораториска дијагностика била и е вклучена во голем број едукации,
предавања, одржува практични тренинзи во лабораториите во насока на зајакнување на дијагностичките капацитети.
Научноистражувачка дејност
Доц др Голубинка Бошевска, д-р сци, редовно објавува научни и стручни трудови како во меѓународни списанија со меѓународен уредувачки одбор индексирани на PubMed (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed) - 43 труда) и во списанија во Република Македонија – 12 труда. Др Бошевска учествува со усни и постер презентации на меѓународни научни и стручни конференции како автор и коавтор – 79 презентации/трудови.
Други достигнувања
Странски јазици: група јужнословенски јазици (српски, хрватски и бугарски - активно); англиски јазик (активно); француски јазик (активно)
Компјутерски вештини: работа со Microsoft Office (MS Word, Power Point, Excel Publisher, Corel DRAW, Paint ).
Останати компетенции: др Бошевска се истакнува со својот капацитет за тимска работа, флексибилност, етичност, посветеност кон континуирана наобразба и едукација, несебичното споделување на стекнатите знаења, енергија за истражување и воведување на иновации во секојдневната работа. Поседува и возачка дозвола – Б катег