Информации

Цане Котески е роден на 01-07-1964год., во Прилеп. Основно образование завршил во периодот од 1971-1979 во “ОУ.Кочо Рацин”, во с.Старо Лагово Прилепско. Средно образование завршил од 1979-1983 во С.Стручно Училиште РРРичко во Прилеп. Во учебната 1983/1984 год., се запишал на ПМФ., во Скопје на катедрата по Географија наставна насока. Студиите ги завршува како најдобар студент на генерација за кое повеќе пати е наградуван. Факултетот го завршува на 14-07-1988 год. Во учебната 1995/1996 год., Цане Котески се вработува во средното државно Економско, Правно, Трговско училиште Кузман Јосифоски – Питу во Прилеп, каде работи до 2008 год.

Во учебната 2000/2001год., се запишува на после дипломски студии на институтот по Географија на групата по Тематска Картографија. После дипломските студии ги завршува на 08-12-2004 год., доста успешно со висок просек 9.16 и се стекна со право на научен степен Магистар по Географски Науки, од насоката по: Тематска Картографија.

Вработување на УГД-Штип: на 06-08-2008 год., е примен на работа на Универзитетот Гоце Делчев-Штип, каде е избран во соработничко звање - Асистент по предметот Туристичка Географија, на Факултетот за Туризам и бизнис логистика-Гевгелија каде е од неговото формирање.

На 15.03.2010год., Цане Котески докторира на ПМФ, Институт за Географија на насоката по Тематска Картографија и се стекна со право на научен степен Доктор по Географски науки, од насоката по: Тематска Картографија.

На 06.09.2010 година д-р. Цане Котески се избира за наставник во звање доцент на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип за наставно – научната област ,,Географија“.

На 21.08.2015 година д-р.Цане Котески се избира за наставник во звање Вон.професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип за наставно – научната област ,,Географија“.