Тетанусот е постојано актуелно заболување заради широката распространетост и големата отпорност на причинителот на заболувањето, тешката клиничка слика и високиот леталитет. Глобално решавање на проблемот со ова смртоносно заболување е можно со превенција на заболувањата. За таа цел е потребно постојаното осовременување на превенцијата на заболувањата особено во делот на имунопрофилаксата. Оваа констатација се потенцира со фактот дека во денешно време не постојат можности за комплетна ерадикација на тетанусот. Цели на проектот: основна цел на на овој проект е да се осовремени имунопро филаксата на тетанусот кај населението на Република Македонија. За постигнување на оваа цел потребно е да се создадат соодветни предуслови, релевантни факти и заклучоци кои произлегуваат од: евалуацијата на вакциналниот и имунолошкиот статус статус во однос на тетанусот кај населението на Република Македонија; евалуацијата на имуниот одговор по давањето на одделни, дози на антитетанусна вакцина; согледувањето на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија; можноста да се применува методата на класична ЕЛИСА (Enzyme linked immunosorbent assay); можноста да се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин. Испитаници: Вкупно ќе бидат вклучени 300 испитаници, кои ќе бидат поделени на групи, професионални војници, активни воени лица и цивилно население на различна возраст и со различен вакцинален статус во однос на тетанусот. Ќе бидат анализирани 300 примероци на серум од венска крв. За секој испитаник ќе биде направена епидемиолошка анкета, во која меѓу останатото, задолжително ќе бидат евидентирани и податоците комплетната имунопрофилакса на тетанусот. За одредување на имунолошкиот статус на испитаници, како и за непосредно следење на поствакциналниот имунитет, ќе се користи методата на класична ЕЛИСА, а ќе се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин, која ќе се применува за рационална пост-експозиционната имунопрофилакса на тетанусот. Очекувани резултати: Очекуваме да биде прецизно измерен титарот на антитела во однос на тетанусот, со помош на методата на класична ЕЛИСА, и со адаптирана, скрининг метода. Со евалуацијата на добиените податоци ќе може да се утврди успешноста на вакцинирањето против тетанус и имунолошкиот статус во однос на тетанусот кај повредените лица. Со оваа можност ќе се создадат соодветни предуслови, за максимална рационализација на постекспозиционната имунопрофилакса на тетанусот, од стручно-медицински и економски аспект. Со релевантните информации за имунолошкиот статус, ќе се избегнуваат евентуалните хипер или хипо имунизација кои се последица на постекспозиционната имунопрофилакса на „слепо“).