АНАЛИЗА И ПРОЦЕНА НА КАНАЛНАТА ОПТУРАЦИЈА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТЕХНИКАТА НА ГУТАПЕРКА АПЛИКАЦИЈА

Ендодонтски третираните заби иако се авитални нивниот опстанок во оралната средина треба да биде приближен како и на виталните заби. Како важен естетски и функционален сегмент се наметнува потребата од истражување и испитување на ендодонтската процедура и разните методологии во каналната   оптурација.        

                                                    

        Цел на овај Научно-истражувачки проект ќе биде анализа и процена на каналната оптурација во релација со кондиционирањето на дентинот и при различни техники на гутаперка апликација 

Предмет на истражување ќе бидат и поедините сегменти:

      да се направи анализа на оптурацијата и адхезијата на силерот во зависност од кондиционирањето на каналниот дентин (Nd:YAG ласер и 17% раствор на EDTA)

      да се процени атхезијата на каналниот силер по третини – апикална, средна и коронарна

      квалитативно да се процени  каналната оптурација со техниката на гутаперка GuttaFlow

      да се испита квалитетот на оптурацијата со модификација на конвенционалната гутаперка метода

      да се направи споредба и анализа на детерминираните параметри и нивната партиципација во успехот на тродимензионалната херметичка оптурација.

МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ

          Реализацијата на проектот ќе биде на вкупно 120 еднокорени,  хумани заби, екстрахирани од пародонтолошки и ортодонтски причини, кај кои во зависност од гутаперка апликацијата, ќе бидат категоризирани во две групи од по 60 примероци.

Прва група – 60 ендодонтски третирани заби канално оптурирани со АН plus  како силер и GutaFlow техника

   

Втора група –60 ендодонтски третирани заби канално оптурирани со АН plus  како силер и модифицирана single cone гутаперка техника

                                              

          Во секоја група пред дефинитивната канална оптурација ќе се реализира кондиционирање на дентинското канално ткиво и тоа по следниот редослед:

  • Подгрупа А -  30 заби кај кои каналниот дентин ќе биде кондициониран со Nd:Yag ласер во три серии од по 5 секунди 
  •                                                        
  • Подгрупа Б – 30 заби отстранување на валканиот слој со апликација на 17% раствор на EDTA  во период од 3 минути
  •                                                        

         Квантитативната и квалитативна анализа и процена на интраканалната оптурација ќе биде реализирана на SEM – Скен Електронски Микроскоп од двата независни тима на истражувачи вклучени во Научно-истражувачкиот проект.

АПЛИКАТИВНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

     Добиените податоци и сознанија од експерименталниот дел на проектот ќе допринесат до формирање на доктринарен став и протокол за текот и процедурата на ендодонтската канална оптурација.

   Имплементацијата ќе се валоризира во реставративната стоматологија, ендодонцијата, оралната хирургија, педодонцијата и протетиката.

   Исто така со подобрување на успехот на ендодонтскиот третман се ефектуира и функционалното и естетско реставрирање на забниот орган. 

   

Проф. д-р Ивона Ковачевска – главен истражувач

Проф. д-р Цена Димова – истражувач

Проф. д-р Златко Георгиев – истражувач

Доц. д-р Илијана Муратовска – истражувач

Доц. д-р Киро Папакоча – млад истражувач

Д-р Ефка Жабокова Билбиловска PhD – млад истражувач

Ас. д-р Ана Радеска – млад истражувач

Ас. д-р Наташа Денкова – млад истражувач

Ас. д-р Сања Нашкова – млад истражувач

Д-р Михајло Петровски – млад истражувач

Д-р Катерина Фотева – млад истражувач