Реналните калкулуси претставуваат едни од најчестите причина за појава на морбидитет во хуманата популација, пред се поради тоа што нивното формирање и делување може да доведе до сериозни нарушувања на функцијата на бубрезите, како хронични ренални заболувања, појава на есенцијална хипертензија, како и метаболни абнормалности на коските. Забниот камен во суштина претставува минерализиран дентален плак.
Минерализираниот дентален плак поседува иста структурна градба и процес како и во другите биолошки сегменти, вклучувајќи ги тука и реналните калкулуси.
Главната и основната цел е да се направи евалуација на врската помеѓу присуството на дентален плак и забен камен и реналните калкулуси кај индивидуите со нефролитијаза.
Проф. Др. Ивона Ковачевска
Др. Верица Тонева, Др. Михајло Петровски, Др. Александра Тонева,
СТУДЕНТИ: Оливер Ристов, Александра Ристова Стојанова, Наташа Арсова, емилија Китановска, Стефан Илиевски