CV

Ивица Стојаноски е роден во Прилеп, Република Северна Македонија 1977 година, каде завршил основно и средно образование. Се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје во учебната 1995/96 година и дипломирал во Мај 2004 година. Една година подоцна, по положувањето на стручниот испит се вработува како доктор по општа медицина во ПЗУ “Поликлиника Интермед”-Скопје, каде престојува до 2007 година. Од 2008 година е редовно вработен на одделот за урологија при “Воена Болница” –Скопје, подоцна преименувана во ГОБ “8-ми Септември”-Скопје. Во Фебруари 2013година положил специјалистички испит по специјалност урологија. За помлад асистент и за асистент по предметот општа хирургија бил избран 2020 година на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во Септември 2013 година се запишува на докторски студии од областа на клиничка медицина на Медицински Факултетот при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “, Скопје Р. Северна Македонија и на 14 Јуни 2021 година ја одбранил докторската дисертација под наслов: „Екстракорпорална литотрипсија со ударни бранови наспроти перкутана нефролитотомија во лекувањето на бубрежните камења со големина од 10-20мм во средната и горната група на чашки“, и се стекнал со научно звање „Доктор на медицински науки“.

Во насловно звање насловен доцент по урологија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, бил избран во 2022 година.

За време на континуираната медицинска едукација, за стручно усовршување од областа на ендоурологијата, минимално инвазивните и лапараскопски уролошки процедури остварува повеќе престои во реномирани институции во странство и тоа во Прага (Чешка), Истамбул (Турција), Софија (Бугарија), Блед(Словенија), Нови Сад (Србија), Гент (Белгија) и други. Во 2017 година остварува студиски престој во Општата болница “ Словен Градец” Р.Словенија за имплементирање на лапараскопските интервенции во урологијата, а во 2018 година во Воено-медицинската Академија во Софија, Р.Бугарија за усовршување во областа на перкутаната нефролитотрипсија и минимално-инвазивната хирургија.Активно учествувал на повеќе здруженија, работилници, конгреси, симпозиуми и други стручни и научни настани во земјата и странство Учесник е во меѓународни научни студии организирани од Европската уролошка асоцијација и бил дел од тимот на Министерството за здравство на Република Македонија за континуирана медицинска едукација на лекари од примарната здравствена заштита.. Автор и коавтор на бројни трудови презентирани на конгреси, симпозиуми и стручни состаноци, а меѓу нив се и меѓународни трудови објавени во индексирани списанија. Активно зборува англиски јазик (C1)