Анатомија 3

Целта на курсот Анатомија 3 е фокусирање на колористичкиот третман на човековата фигура и анатомија.

На предавањата студентите ќе имаат можност теоретски и визуелно (преку примери од светската уметност) да се запознаат со основите на хроматиката, мешањето на боите, преведување на светло-сенката во колористички јазик и различните видови сликарски техники кои ќе ги користат во текот на курсот.