Настава

Сликарска анатомија

Offered: 

2017

Литература

Civardi, Giovanni, Drawing Human Anatomy, Studio Vista 1995

Richer, Paul, Anatomie artistique -Planches-, Hachette Livre-Bnf 2012

Hogarth, Burne, Dynamic Figure Drawing, Watson-Guptill 1996

Цртање 4

Semester: 

Spring

Offered: 

2017

Предметна програма:

Вовед во предметот, неговите цели, специфики и содржина

Пропорции на глава, базични анатомски правила (повторување и потсетување)

Човечка глава: облици, карактеристики, специфики

Портрет: преточување на тродимензионалното во дводимензионално

Линеарен портрет: техники и карактеристики

Видови портрет: биста

Тон, светло-сенка, улогата на светлината во градење на портретот

Видови портрет: допојасен портрет

Анфас, профил, три-четвртински портрет

Портрет и жабја перспектива: поглед одоздола

Перспектива 1

Semester: 

Spring

Offered: 

2017

Предметна програма

Вовед во перспектива, запознавање со програмата, задачите и целта  на курсот

Запознавање со основните поими (хоризонт, недоглед, скратување)

Централна перспектива

Примена на централна перспектива во ентериер

Примена на централна перспектива во екстериер

Перспектива со два недогледи

Примена на перспектива со два недогледи во ентериер

Примена на перспектива со два недогледи во екстериер

Перспектива со три недогледи (жабја)

Примена на жабја перспектива во екстериер

Акт 2

Semester: 

Spring

Offered: 

2017

Предметна програма

Вовед во предметот, неговата содржина и запознавање со задачите кои претстојат

Седечка фигура, пропорции, перспективни скратувања при седење

Специфики на анатомијата при седечки пози, анатомски деформации при седење

Улога на светлината, односот на светлината и масите, општ изглед на седечка фигура

Згрчена фигура, пропорции и перспективни скратувања

Анатомски правила и мускулатура кај згрчена фигура

Улогата на светлината, изгледот на масите, општ изглед на згрчена фигура

Графика

Semester: 

Spring

Offered: 

2017

Предметна програма

Запознавање со содржината на курсот, начинот на работа, очекуваните задачи и начинот на оценување.

Запознавање на студентите со некои од основните графички техники: линорез, сува игла, литографија, сито печат, акватинта.

Подробно запознавање со техниката линорез и со начинот на изработка на графички отпечатоци.

Правење скици за линорез

Адаптирање на скици, пренесување на скица на линолеум и делкање на клишето.

Печатење на готово клише и изработка на линорез.

Анатомија 1

Курсот Анатомија 1 има за цел да ги запознае студентите со основата на поставување на човечка фигура, градење на фигурална композиција и примена на основните ликовни елементи во студии и вежби со конкретна проблематика.

Анатомија 2

Курсот Анатомија 2 има за цел да ги продлабочи знаењата за анатомијата на човековата фигура и за актот како ликовна тема и проблематика.

Од теоретски аспект, курсот Анатомија 2 ќе се задржи на подлабоко проучување на анатомијата и мускулатурата, со разгледување на примери од историјата на уметноста, особен акцент на светло-сенката и техниките на нејзиното прикажување.

Анатомија 3

Целта на курсот Анатомија 3 е фокусирање на колористичкиот третман на човековата фигура и анатомија.

На предавањата студентите ќе имаат можност теоретски и визуелно (преку примери од светската уметност) да се запознаат со основите на хроматиката, мешањето на боите, преведување на светло-сенката во колористички јазик и различните видови сликарски техники кои ќе ги користат во текот на курсот.

Анатомија 4

Курсот Анатомија 4 има за цел да ги продлабочи знаењата и практиките на колористичко претставување на човечката фигура.

Од теориски аспект, акцентот ќе биде ставен на анализирање на светски познати дела на старите мајстори, како и нивните процеси на работа, од започнување до комплетирање на ликовното дело.

Паралелно со теоретскиот дел, во практичниот дел ќе се воведат техниките масло и акрил. Практичната анализа на анатомијата ќе се продлабочи и со воведување на големи формати, односно изработување на акт во природна големина.