Курсот Анатомија 4 има за цел да ги продлабочи знаењата и практиките на колористичко претставување на човечката фигура.
Од теориски аспект, акцентот ќе биде ставен на анализирање на светски познати дела на старите мајстори, како и нивните процеси на работа, од започнување до комплетирање на ликовното дело.
Паралелно со теоретскиот дел, во практичниот дел ќе се воведат техниките масло и акрил. Практичната анализа на анатомијата ќе се продлабочи и со воведување на големи формати, односно изработување на акт во природна големина.