ПРОФ. Д-Р. ИЛИЈА КАРОВ
Универзитет Гоце Делчев - Штип,
Земјоделски Факултет, Кампус 2, соба бр.1
Тел: 550-601
e-mail: ilija.karov@ugd.edu.mk
Проф. д-р. Илија Каров (роден на 8 Јули 1951 година во Долни Подлог, Кочани) е редовен професор и декан на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Основно училиште завршува во Долни Подлог, а средното образование во Богданци и Тетово. Во 1975 година дипломира на Земјоделскиот факултет приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година се запишува на магистерски студии на Универзитетот во Нови Сад, каде магистрира во 1977 година. Докторските студии ги продолжува на истиот факултет каде што во 1982 година докторира и се стекнува со диплома доктор по земјоделски науки од областа фитопатологија, микологија.
Негови клучни квалификации се:
- испитување и утврдување на фитопатогени габи како причинители на растителни болести;
- отпорност на растенијата кон болести;
- патогенеза на фитопатогени габи;
- заштита на земјоделското производство од болести и штетници;
- менаџмент на земјоделски компании.
од 1976 – 1992 работи како научен соработник, фитопатолог во Институтот за ориз во Кочани во секторот за фитопатологија, хербологија и фитофармација каде што ги проучува микозните заболовања кај оризот. Од 1992 до 1994 година работи како директор во Агроцентар, Кочани. Во 1994 год. е избран за пратеник во парламентот на Република Македонија. По завршување на Оваа должност во 1998 повторно се враќа како директор на Агроцентар, Кочани. Од 2000 па се до 2007 година работи како научен соработник во Институтот за Јужни земјоделски култури во Струмица каде што се занимава со научни истражувања од областа микологија, учествува и во организирање на производството и продажбата на земјоделските производи и семенскиот материјал и претседателствува со научниот совет на институтот. Истовремено две години (2005 – 2007 год.) е ангажиран како Вонреден професор по предметот Фитопатологија на Факултетот за Земјоделски науки и храна при УКИМ, Скопје. Во 2007 год. е избран за прв декан на Земјоделскиот факултет при УГД- Штип и редовен професор на прв, втор и трет циклус на студии каде што предава на повеќе предмети на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина.