Natasha Miha in Blues

Citation:

Natasha Miha in Blues. Vecer [Internet]. 2021.

Publisher's Version

Full Text

“Блуз и соул фестивал“ во организација на Скопско лето, годинава ќе се одржи на 18 септемви (20.30 часот) во Куршумли ан,а публиката ќе има можност да ги проследи концертите на “Crossroad B.B.“ и “Natasha Miha in Blues“.

“Crossroad B.B.“ е музичка формација од Прилеп, формирана 1997 год. од двајца фанатични влубеници во блуз музиката односно Александар Дворчанец – Сале и Бранко Нешкоски – Бане. Од локална атракција низ годините тие прераснаа во еден сериозен бенд кој музицира покрај во својот град, во скоро сите градови на Македонија, а од 2008 год. па се до 2018 год. настапува на скоро сите престижни фестивали и места во регионот каде се негува и свири блуз.

Оваа приказна беше грубо прекината со прераната смрт на Сале, фронтменот и моторот на бендот во ноември 2018. Со неговото заминување бендот изгуби многу, а особено блузот во Македонија. Во периодот од 1997 – 2018 год. CROSSROAD B.B. сними три албуми од кои два авторски со кои ја промовираа блуз кирилицата и еден албум со обработки на блуз нумери кои и самите автори ги беа заборавиле. Важно е да се спомене дека Сале беше автор на скоро сите текстови од авторската музика кои не беа само текстови, тоа беа реални приказни од неговиот живот кој иако краток беше преполн со случки и настани.

Сегашната формација на бендот ја сочинуваат Давид Нешкоски  – вокал и гитара,Бранко Нешкоски – гитара, Зоран Настески – тапани и Љупчо Шилоски – бас.

Вториот концерт е “Natasha Miha in Blues“. Наташа миха е соло-артист, студиски музичар, едукатор и член на Station: Innermost. Нејзината сестраност, музичкото познавање како и вокалните способности и овозможуваат да изведува широк спектар на музички стилови со креативност, емоција и техничка маестралност.

Natasha Miha in Blues е осврт на влијанијата на блуз музиката и нивниот импакт врз артистичкиот израз на Наташа. Со овој проект публиката ќе има прилика да слушне преработки на блуз-рок теми како и дел од авторскиот опус на Наташа изведен во блуз-рок манир.

Наташа има настапувано и како придружен вокал на Vanessa Mae и Queen Real Tribute во Скопје. Бендот на Наташа Миха е во состав Дамир Пух – гитара, Дарко Фотиновски – бас гитара и Дејан Апостоловски – тапани.