CV

Благица Колева е родена 1983 година, во Струмица. Дипломира, магистрира и докторира во областа на економијата. Во 2014 година ја има одбрането својата докторска дисертација на Економскиот Институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“  - Скопје, со што се стекнала со академскиот степен доктор на економски науки.

Својот професионален ангажман го започнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 2009 година. Во декември 2014 година, е избрана во наставно - научното звање доцент на Економскиот факултет во областа сметководство.

Нејзиниот научно истражувачки опус се состои од над 40 трудови од областа на сметководството и ревизијата, како и учество во изработка на неколку научноистражувачки и апликативни проекти и бројни домашни и меѓународни конференции и симпозиуми.

Поседува лиценца за вештак од областа на сметководственото, материјално и финансиско работење; лиценца за овластен проценител на капитал на трговски друштва, јавни претпријатија и други субјекти и лиценца за овластен сметководител.