Д-р Билјана Тодорова родена е на 08.10.1980 година во Скопје. Средно училиште завршува во ДСУ „Арсени Јовков“, со одличен успех.
Во 2002 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан први “ во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, каде што дипломира со просечен успех 9,40.
Во 2006 година се запишува на последипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ насока Менаџмент на човечки ресурси и истите ги завршува со успек 9.25. Магистерската теза под наслов „Заштита на правата на работниците како значајна компонента во остварување на деловните активности на работодавачот“, под менторство на проф. д-р Наташа Габер, ја пријавува во 2007 година и истата е одбранета на ИСППИ во октомври 2008 год. со што се стекнува со звање магистер по човечки ресурси.
Во декември 2008 година ја пријавува докторската дисертација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет св.Кирил и Методиј во Скопје.
Во јануари 2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ја одбрани докторската дисертација под наслов „Начелото право на работа и слобода на работа“, под менторство на проф. д-р Тодор Каламатиев.
По дипломирањето во периодот од 2006 до 2008 година работи како помлад асистент на Првиот Приватен Универзитет - Европскиот Универзитет во Скопје, каде што е избрана за соработник по предметот Трговско право. За тој период држи вежби и по предметите Меѓународно трговско право, Трудово право, Наука за управата, Административно право и Службенички системи.
Во ноември 2008 година е избрана за асистент по предметите Трудово право и Трговско право на Факултетот за правни науки при истиот Универзитет.
Во април 2012 година е избрана за доцент на Факултетот за правни науки при Европски Универзитет-Република Македонија, на група предмети од областа трудово право.
Во мај 2016 година е избрана за вонреден професор на Факултетот за правни науки при Европски Универзитет-Република Македонија, на наставно-научната област Трудово право.
Во септември 2018 година е избрана за вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на наставно–научната област Социјално право.
Во текот на својот академски ангажман на Факултетот за правни науки при ЕУРМ изведувала настава (предавања, вежби и консултации) на прв циклус студии по следните предмети: Вовед во правото, Уставно право, Трудово право, Трговско право. Изведува настава и на втор циклус студии по предметите Меѓународно трговско право, Право на индустриска сопственост и Право на друштва.
Во текот на академскиот ангажман на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип изведува настава (предавања, вежби и консултации) на прв циклус студии по следните предмети: Социјално право, Трудово право, Еколошко право и Јавни служби. На втор циклус на студии предметите: Меѓународно трудово право, Трудово и социјално право и Еколошко право.
Одлично го владее англискиот јазик и компјутерските вештини (Windows XP; Microsoft Word, Excel, Internet Explorer).
Автор е на три учебници (Трудово право, Трговско право и Меѓународни трговски договори), коавтор на три збирки авторизирани предавања (Семејно и наследно право, Трговско право, Меѓународно трговско право и Социјално право) и триесетина стручни и научни труда од областа на правото. Била член на организациски одбор на меѓународни конференции, има учествувано во неколку реализирани истражувачки проекта, како и учество на повеќе меѓународни конференции и семинари.
Во рамките на академските активности, ја вршела функцијата продекан за настава на Факултетот за правни науки при Европскиот Универзитет-Република Македонија (периодот од 2013-2017 година).
Со Одлуки на Наставно - научниот совет избрана е за член на Универзитетскиот сенат на Европскиот Универзитет - Република Македонија и претседател на Комисија за признавање на испити на Факултетот за правни науки при Универзитетот.
Во своето досегашно работење била член на комисии за одбрана на докторски дисертации на тројца кандидати, ментор на магистерски трудови, член на комисии за одбрана на магистерски трудови и повеќе пати ментор и член на комисии за одбрана на дипломски работи.