Членства и наименувања

БОЛНИЧКИ НАИМЕНУВАЊА:

Член на Федералната Комисија за Трансплантација при Сојузното Министерство за здравство, Белград, Југославија. (1991).
Шеф и основоположник на Центарот за трансплантација на бубрези при Уролошката клиника, Клинички Центар Скопје (1996-2012). (изведени над 265 трансплантации на бубрези од жив дарител меѓу кои 23 кадаверични.
Координатор на хируршките Клиники, Клинички Центар, Скопје. (1996-97; 1999-2002).

Национален координатор и шеф на "Македонија трансплант", (координативно тело за трансплантација на органи и ткива), при Министерството за здравство на P.M. (2002 -2011).

Директор на Универзитетската клиника за урологија, Клинички Центар, Скопје (1995-97; 1999 - 2002) (2006 -02/2012).


НАУЧНИ АСОЦИЈАЦИИ:

Интернационално Здружение по Урологија (Societe Internationale
d'Urologie - SIU), (1995 -). Национален Делегат (1998 - 2012).
Европска Уролошка Асоцијација - EAU (1998 -).
Европско Здружение по Уролошка Онкологија (член и претставник за
Источна Европа во Бордот на Здружението) (2002 - 2006).
Член на Американската Уролошка Асоцијација (AUA) (2006-)
Здружение за трансплантација на франкофонските земји (Societe Fancophone de Transplantation) (2006-)
Европско Здружение за трансплантација на органи – ESOT (2010)
Македонска Уролошка Асоцијација (Претседател 1999-2002, 2010-)
Претседател и организатор на Првиот Македонски Уролошки Конгрес во Соработка со Европската Уролошка Асоцијација –EAU (2002) во Охрид и на 7-от Конгрес на Уролозите на Југоисточна Европа (2011) во Скопје.

НАЦИОНАЛНИ И МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ:


2000 Републичка награда "11 Октомври" за достигнувања во полето на хирургијата и трансплантацијата на бубрези, Скопје.

2002 Орден за придонес на Француската култура и наука: "Академска палма" (Chevalier dans I Ordre des Palmes Academiques) co декрет на Премиерот на Република Франција.

2007 Награда "13 Ноември" на град Скопје за особен придонес во развојот и меѓународна афирмација во доменот на уролошката хирургија и трансплантацијата на бубрези во градот Скопје.

2010 Државна награда “23 Октомври“ за достигнувања во областа на хирургијата и науката.