Опис на проектот:
Основната содржина на предлог проектот ја чинат металогенетските- геохемиските проучувања на неметалните наоѓалишта на просторот на Селечка Планина во функција на проучување на наоѓалиштата од металогенетски и геохемиски аспект. Со проектот се предвидува проучување на наоѓалиштето на диатомит (диатомејска земја) помеѓу селата Манастир и Бешиште (од минералошки и геохемиски аспект), наоѓалиштата на травертин и оникс на просторот Гулабова Пештера и непосредната околина, наоѓалиштата на гранодиорти на потегот Пештани – Чаниште, наоѓалишта на доломитски мермер, како и некои пегматитски наоѓалишта присутни на споменатиот простор. Ова се содржини кои досега или не биле третирани или сосема малку биле работено особено од научен аспект. Следната содржина во проектот се однесува на генетското моделирање на наоѓлишта на база на современите лабораториски испитувања во кои ќе бидат вклучени хемиски, геохемиски, рендгено-структурните анализи, испитувања на електорнска микросонда, сканинг – електронски микроскоп и др.
Материјата која ќе биде предмет на проучувањата денес претставува многу специфична и актуелна проблематика од доменот на геологијата на наоѓалиштата на неметалните минерални суровини во светот и кај нас. Од тој аспект овие проучување се однесуваат на металогенетските, геохемиските, минералошко – петрографските, геолошко – економските и други сродни показатели. Во време кога се истражуваат и користат голем број на различни неметални минерални суровини поради големиот и различен дијапазон на употреба потребно е детално проучување на различните и многубројни корисни својства на неметалите бидејќи карактерот на својствата не неметалите го одредува начинот и обемот на нивната употреба во индустријата.
Наоѓалиштата на неметали во делот на Селечка Планина во изминатиот период се истражувани од аспект на нивна можна експлоатација и примена во неметалната индустрија. Овие испитувања во најголем дел се однесуваат на проучувањето на нивниот минералошки состав а делумно и нивниот хемиски состав. Проучувањето на хемијата на главните елементи ќе овозможи класификација на карпите носители на минералната суровини во поедините наоѓалишта. Врз основа на составот и стабилноста на минералите во неизменетата карпа, како и составот на минералите во алтерисаните минерали ќе се одреди мобилноста на елементите. Во рамките на овие проучувања посебно место заземаат елементите во трагови, особено елементите од групата на ретките земји со кои ќе се одредат геолошките процеси кои владееле на подрачјето кое е предмет на проучување, односно карактеристиките на магматскиот извор и тектонско - магматските процеси.
Истражувачки тим:
Проф. д-р Орце Спасовски, ФПТН - Главен истражувач
Проф. д-р Тодор Серафимовски, ФПТН
Проф. д-р Блажо Боев, ФПТН
Доц. д-р Горан Тасев, ФПТН
дипл. инж. геолог Сашо Стојков, млад истражувач
Истражување:
Дефинирајте ги целите и опишете ги детално планираните истражувања, со посебен осврт на предностите на користената методологија и истражувачкиот план со временска рамка (најмногу 3 страници).
Имајќи во предвид комплексноста на предложениот проект и целите на истражувањето се комплексни и разновидни. Ќе ги наведеме оние со најголем приоритет:
- да се изврши металогенетско моделирање на комплексните рудоносни системи од типот на гранодиоритите на предметното подрачје на потегот Пештани
- просторно, временски и генетски да се дефинираат наоѓалиштата на травертини, оникс и дијатомејска земја
- просторно, временски и генетски да се дефинираат некои од пегматитските наоѓалишта
- испитување, проучување и моделирање на генетските процеси:
- проучување на интрузивните фации на постојните магматизми
- проучување на минералните асоцијации во наоѓалиштата,
- изучување на типовите на алтерациите со задолжителна рендгено-структурна анализа на примероците
- проучување на геохемиската асоцијација на елементите во, со посебен осврт на елементите на ретките земји.
- изработка на генетски модели на поедините наоѓалишта на минерални суровини.
Со реализацијата на предвидените цели од предлог проектот како и на сите активности кои се планирани во рамките на овој проект очекуваме да добиеме нови научни сознанија за наоѓалиштата на неметалните минерални сурови на проучуваниот простор. Исто така очекуваме да добиеме сосема нови резултати за поедини комплексни системи од типот на пег,матитските жици и др., кои досега беа на многу низок степен на истраженост и проученост. Пристапот на истражувањата и проучувањата ќе се одвиваат по стандардната и најсовремена методологија кога се во прашање лабораториските проучувања. Покрај стандардните теренски испитувања и опробувања проследени GPS, фотокамера и фотодокументација ние планираме посебна подготовка на пробите во лабораторијата на Факултеот за природни и технички науки во Штип. Потоа подготвените проби ќе бидат анализирани на скананинг-електронски микрскоп, рендгено - структурна анализа, ICP-AES и ICP-MS за испитување на елементите од групата на ретки земји. Основниот план ги опфаќа фазите на реализацијата на поставените цели во рамките на проектот. Имено, во планот на реализација на проектот секако дека се остава простор за компилирање на информациите и подлогите од досегашните проучувања. Потоа планот ги опфаќа теренските истражувања, лабораториските испитувања, интерпретација на резултатите, нивна подготовка за јавна презентација и публикација и секако финализирање на сите активности поврзани со финалнат фаза на реализацијата на предвидениот проект. Фазноста во реализација на проектот значи постојаност и таа мора да се следи бидејќи во нејзина функција е динамиката на завршување на работите. Во тој контекст, како што истакнавме, во првата фаза ние очекуваме да направиме врска со сите досегашни истражувања и да направиме дел од теренските истражувања. Во втората фаза очекуваме најголем дел од теренските истражувања да бидат завршени, да се изврши селектирање на примероците, нивно ажурирање и најголем дел од пробите да бидат припремени за анализа. Третата фаза треба да овозможи комплетно анализирање на примероците во домашните и странски лаборатории и можност за доземање на одредени примероци ако за нив се јави потреба. Во четвртата фаза очекуваме интерпретација на резултатите во кабинетски услови, нивна подготовка за презентација и печатење и секако подготовка за завршните елаборати.
Објавени трудови:
- Saso Stojkov, Orce Spasovski - Possibilitics for using granodioritic of "Lozjanska Reka" (village of Krusevicka, western Macedonia) as an architectural stone - 2014