МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА НОВИ СОРТИ НА СОНЧОГЛЕД

Сончогледот (Helianthus annuus) е едногодишно растение од фамилијата на штитоцветните (Asteraceae), кое потекнува од Америка. Името му потекнува од големите цветови, чиј облик е слична на сонце, но и поради навиката да се навртува кон сонцето во склад со неговото движење по небото.

Современото земјоделско производство се повеќе дава акцент на производството на сончоглед, и целокупниот процес кој следи понатаму од собирање од терен и негова преработка до производство на високо квалитетно ладно цедено масло.

Одгледувањето на сончогледот како една значајна индустриска култура, компарацијата меѓу различни хибриди на сончоглед во однос на развојот и производната цел, се важен детал во  едно современо производство на сончоглед.

Ладно цедените масла добиени од сончогледот како многу значајна култура во производството на масла, се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе.

Одгледувањето на различни хибриди кои имаат различни генетски својства, како и преработката на истите во добивање на што е можно поквалитетно ладно цедено масло, е многу важно за едно современо земјоделско производство за да се има во предвид кои хибриди да се фаворизираат и да се зголеми производството на истите. Со тоа се следи еден цел развоен циклус: од семе до финален производ кој се употребува во прехрана на човекот.

 

MULTIDISCIPLINARY APPROACH TO THE PRODUCTION OF NEW VARIETIES OF SUNFLOWER

Sunflower, Helianthus annuus, is an herbaceous annual plant in the family Asteraceae, grown for its seeds. The plant has a thick, hairy, erect stem which gives rise to a large flower head.

Modern farming gives more emphasis on sunflower production, and the whole process that follows further from collection in the field and its processing to produce high quality cold pressed oil.

The cultivation of sunflower as an important industrial crop, comparison between different sunflower hybrids in the development and production target, an important detail in a contemporary production of sunflower.

Cold pressed oils obtained from sunflower as a very important crop in the production of oils, are a kind of natural juice from the seeds of certain plants, which contain only their natural nutrients and the scent and taste of the very seed .

Cultivation of various hybrids that have different genetic properties, and processing them in getting as much as possible better quality cold pressed oil is very important for a modern agricultural production to keep in mind that hybrids to favor and increase production them. This follows an entire development cycle, from seed to final product to be used in human food.