Настава

Физичко и здравствено образование со методика 1

Предметот Физичко и здравствно образованние со методика има за цел да ги воведе студентите во основите на кинезиологијата, конкретно физичкото воспитание и да ги оспособи за успена реалзиација на наставата по физичко и здравствено образование во одделенската настава

Физичко воспитание со методика 2

Предметот Физичко воспитание со методика 2 има за цел да ги запознае студентите - идни воспитувачи со методско - дидактичките аспекти на реализацијата на активностите по физичко воспитание во предучилишните установи. Конкретно, да ги оспособи студентите за подготовка, организирање и планирање на воспитно - образовните активности, ефикасна и квалитетна практична реализација на содржините по физичко воспитание како и следење и вреднување на ефектите од истата почитувајќи ги притоа развојните карактеристики, можностите и интересите на децата.

Теорија и практика на играта

Преку предметот Теорија и практика на играта, студентите треба да стекнат знаења за играта како филогенетско својство на човековата единка; играта како форма и содржина во функција на поволен раст и развој на детето; сознанија за историскиот развој и нејзино проучување, планирање и програмирање во функција на наставниот и културниот простор. Влијанието на подвижните игри врз физичкиот развојот на децата и останатите сегменти од развојот.

Спорт и рекреација - универзитетски предмет

Предметот спорт и рекреација е задолжителен предмет за сите редовни студенти од прва година на сите факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Истиот се реалзиира како практични вежби во времетрање од 60 минути кои се реализираат согласно предвидената предметна програма во која се опфатени повеќе различни спортови: кошарка, одбојка, ракомет, пинг - понг, бадмингтон, атлетика, гимнастика, како и содржини за општа физичка подготовка на студентите и активности во природа.