Студентите се стекнуваат со основни знаења од латинскиот јазик кое нешто ќе им користи за полесно разбирање на историјата на францускиот јазик кој произлегува директно од латинскиот јазик, како и полесно разбирање на компаративната граматика на романската група јазици. Студентите ќе се стекнат со знаења од областа на латинскиот јазик и ќе можат да ги надградуваат своите познавања од областа на палеографијата и епиграфиката.