Настава

Латински јазик

Студентите се стекнуваат со основни знаења од латинскиот јазик кое нешто ќе им користи за полесно разбирање на историјата на францускиот јазик кој произлегува директно од латинскиот јазик, како и полесно разбирање  на компаративната граматика на романската група јазици. Студентите ќе се стекнат со знаења од областа на латинскиот јазик и ќе можат да ги надградуваат своите познавања од областа  на палеографијата и епиграфиката.

Теорија на превeдување и толкување

Теоријата на преведувањето како научна дисциплина.  Историја на теоријата на преведувањето. Основни аспекти на преведувањето. Историски преглед на преведувањето во Република Македонија. Преведувањето како комуникација (јазични функции, типови комуникација, усна комуникација). Видови пишана комуникација.

Француски јазик 1

Во текот на семестарот студентот би требало да се стекне со вештини во доменот на усното и писменото изразување и разбирање во дадени ситуации. Тој треба да знае да комуницира во едноставни, секојдневни ситуации и да ги препознава назначајните елементи на француската цивилизација.