Isolation and identification of bacteria from mines Alshar and Sasa
Во различни рудници зависно од рудата која е присутна присутни се различни видови бактерии кои се способни во својот метаболизам да ги користат присутните минерали. Во последните години се користат методи на екстракција на некои видови руди со помош на бактерии, процес наречен био-рударство (Biomining), значително поефтин и поефикасен од класичните начини и побезбеден за околината. Метали кои се добиваат преку вакви процеси се: злато, бакар и ураниум а во развој се методи за екстракција на никел, цинк, кобалт и олово. Присуството на арсен во некои руди ја намалува нивната вредноста. Постојат бактерии како што е на пример Acidithiobacillus ferrooxidans кои можат да ја намалат концентрацијата на арсен. Рудникот Саса е во експлоатација од пред околу 70 години и од него се добива олово и цинк. Рудникот Алшар има историја која датира уште од Античка Македонија и во него има: антимон, арсен, талиум и лорандит (талиумов арсеничен сулфат). Во проектот ќе се одредуваат бактериските диверзитети во двата рудника Саса и Алшар, разликите на изолираните бактерии и нивните особини во зависност од присуството на различните метали. Очекуваме и откривање на нова до сега неоткриенбактерија. Во почетни испитувања од рудникот Алшар изолиравме и докажавме две бактерии: Pseudmonas fluorescens и Aeromonas hydrophyla.
Цели на истражувањето
- Изолација на бактерии од рудниците Саса и Алшар
- Идентификација на изолатите со автоматски Витек 2 систем
- Молекуларна типизација на изолатите
- Утврдување на резистенцијата кон антибиотици и одредување на гените на резистенција
- Споредба на бактериските диверзитети на двата рудника
- Споредба на исти соеви изолирани во двата рудника
- Изолација, идентификација и генотипизација на бактерии кои не би можеле да се идентификуваат со Витек 2 системот и би претставувале нови, неидентификувани бактериски соеви
УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЕКТОТ - ИСТРАЖУВАЧИ Проф. д-р Васо Талески - главен истражувач Проф. д-р Блажо Боев - истражувач Проф. д-р Саша Митрев - истражувач Проф. д-р Дејан Мираковски - истражувач Проф. д-р Милка Здравковска - истражувач Доц. д-р Емилија Арсов - истражувач Асс. д-р Марија Димитрова - истражувач Глорија Стефаноска - млад истражувач Сара Кебакоска - млад истражувач Емилијан Јусуфовски - млад истражувач Кирил Митев - млад истражувач