Проучување на дистрибуцијата на поточно рецентно и алувијално злато во Источна Македонија

finalen__obrazec_za_prijavuvanje.doc

poster.pdf

Апстракт

Присуството и постоењето на златото како минерална суровина и неговото истражување во Р. Македонија има долга историја. Досега се откриени и проучувани голем број на појави и минерализации на злато. Овде треба да се напомене дека најголем број од нив се само делумно истражени. Имајќи го во предвид зголемениот интерес за проучување на овој метал во последните години, секако за тоа голем удел има и цената на овој метал, сметаме дека проучувањата кои ќе бидат извршени во рамките на овој проект ќе дадат придонес кон подобро осознавање на можностите за откривање на минерализациите на злато. Целта на овој проект ќе бидат минера­ли­за­ци­ите на злато пред се во рецентните алувиони во источниот дел на Македонија каде до­сега се констатирани и неколку потенцијални наоѓалишта на овој племенит метал. Со проектот ќе бидат опфатени локалности со веќе познати информации за дистри­бу­ција на златото. Поточно ќе бидат опфатени поголемите реки како Анска Река кај Вала­ндово, Сушица во северниот дел на Струмичка Котлина, Лакавица во Централните и Источните делови на Македонија, Пекланска Река кај Виница, потоа Киселички Поток во рамките на јужните ободи на планината Плавица во Кратовско-Злетовскиот руден регион, Река Повишица на локалитетот Боровиќ во северните до северо-западни ободи на Кратовско-Злетовската вулканска област, потокот Боров Дол кој го третира по­зна­тото наоѓалиште на бакар и злато во рамките на рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол, Жарница и горните текови на Стара Река кои ги дренираат западните падини на планината Дудица во која е утврдено присуство на полиметална минера­лизација со злато поврзана со Плиоценскиот вулканизам на Кожуф.

Abstract

The presence and existence of gold as a mineral resource and its research in R. Macedonia has a long history. We discovered and studied a number of phenomena and gold mineralization. Here it should be noted that most of them are only partially explored. Considering the growing interest in the study of this metal in recent years, though it has a large stake and the price of the metal, we consider that тхе studies which will be carried out under this project will contribute to a better understanding of the possibilities for detecting mineralization of gold. The goal of this project will be the gold mineralization, primarily in the recent alluvium in the eastern part of Macedonia, where so far resulted in several potential sites of this precious metal. The project will include localities already known information about the distribution of gold. Stream will include major rivers like the River Anska Valandovo Sushica northern Strumica valley Lakavica in central and eastern parts of Macedonia, Peklanska River in Vinica, then Kiselicki stream within southern brims mountain Plavica of Kratovo-Zletovo ore region, River Povishica in the Borovik locality, then in the north to north-western brims of Kratovo-Zletovska volcanic area, Borov Dol creek who treated the famous site of the copper and gold mining in the area mine-Damian-Borov Dol, Zharnica and upper streams of Stara Reka draining the western slopes of Mount Dudica indicating the presence of polymetallic mineralization with gold associated with Pliocene volcanism Kozuf.

Истражувачки тим:

Проф. д-р Виолета Стефанова

Проф. д-р Тодор Серафимовски

Проф. д-р Тена Шијакова-Иванова

Доц. д-р Горан Тасев

Дипл. инж геолог Игор Ивановски

Дипл. инж геолог Николчо Крстев