Хидрогеолошки и хидрохемиски карактеристики на термалните води од геотермалниот систем „Кежовица“ - Штип

proekt_ugd_kezovica.pdf

Според досега извршените истражувања, хидротермалниот систем Кежовица претставува многу интересен систем како од аспект на научно-истражувачка работа така и од комерцијален аспект како потенцијален простор каде може да се развива бањски туризам. За жал во последниве 20 години нема посериозни хидрогеолошки и хидрохемиски истражувања на овој простор. Овој проект претставува одлична можност да се дојде но нови податоци кои би го комплетирале хидрогеотермалниот модел на Кежовица а воедно би се презентирале и најнови податоци за хидрохемискиот состав на водата од изворот, дупнатините и времените извори кој се јавуваат во коритото на р. Брегалница. Со овој проект е предвидено да се извршат и истражувања кој што би ја утврдиле количината на радионуклиди во термалната вода. Претходните истражувања иницираа зголемена радиоактивност на термоминералната вода. Наша задача би била да ја одредиме концентрацијата  на овие радионуклиди и овие вредности да се споредат со вредностите пропишани од страна на WHO (светска здраствена организација) како би знаеле за употребливоста на овие термални води во медицински цели. Потеклото на водата од овој хидрогеотермален систем би се одредило со анализа и интерпретација на изотопниот состав на водите.