INTRODUCTION OF NEW STANDARDS FOR MANDATORY INSPECTIONS OF PESTICIDE
Апстракт
Прекумерната и неправилна употреба на пестициди претставува закана за животната средина и опасност по здравјето на фармерите во земјоделското производство. Остатоците од пестицидите во храната директно влијае врз здравјето на консументите и зголемување на бројот на заболени лица. Покрај тоа, извозниците на храна мора да се придржуваат кон стандардите за минимално дозволено присуство на резидуи во процесираната храна, свежото овошје и зеленчук а непридржувањето кон овие стандарди може катастрофално да се одрази врз зголемување на извозот, кон кое посебно се стреми нашата земја.
Застарената технологија, неквалитетно производство и лошо одржување на машините и опремата за апликација на пестициди претставува директен причинител за зголемен број на третирања, неквалитетна заштита и неконтролирано ширење на болести и штетници во земјоделското производство.
Европската комисија изминатите години донесе цел сет на правила (директиви) и го прошири полето на примена на сите тие прописи. Според упатствата кои се презентирани во директивите, сите национални прописи во земјите членки мора да се хармонизираат кога во земјите се воведуваат нови закони. Директивата 2009/128/EC на Европскиот парламент воспоставува рамка за спроведување на Национален акционен план во секоја држава, кој се однесува на одржливото користење на пестициди. Една од областите кои се опфатени во директивата се однесува директно на воведување контрола и задолжителна инспекција на машините за апликација на пестициди. Имајќи во предвид дека Република Македонија како земја кандидат е обврзана да ги хармонизира своите прописи, основна цел на овој проект е разработување на методологија и имлементација на стандардите за инспекција на машините и опремата за апликација на пестициди со што директно ќе се влијае врз здравјето на луѓето, животните, растенијата и заштита на животната средина.
Abstract
The excessive and inappropriate use of pesticides is a threat to the environment and a health hazard for farmers in the agricultural production. The pesticide residues in food affect directly the health of consumers and increase the number of sick people. In addition, the food exporters must comply with standards about the minimum allowed presence of residues in processed foods, fresh fruits and vegetables and the non-compliance with these standards can have a disastrous impact on the export increase, which is of extreme importance for our country.
The outdated technology, the poor quality production and poor maintenance of the machinery and equipment for pesticide application is a direct cause of an increased number of treatments, bad care and uncontrolled spread of diseases and pests in the agricultural production.
In the past few years the European Commission brought an entire set of rules (directives) and expanded the scope of application of all those regulations. According to the guidelines presented in the directives, all national regulations in the Member States must be harmonized when countries introduce new laws. The directive 2009/128 / EC of the European Parliament establishes a framework for the implementation of the National Action Plan in each country, which refers to the sustainable use of pesticides. One of the areas covered by the Directive applies directly to the introduction of supervision and mandatory inspection of the machinery for pesticide application. Considering that the Republic of Macedonia as a candidate country is required to harmonize its regulations, the main objective of this project is the elaboration of the methodology and implementation of standards for inspection of the machinery and equipment for pesticide application that will affect directly human health as well as animals and plants health and the environment protection.
Проектен тим:
Главен истражувач: Д-р Зоран Димитровски, вонреден професор - Машински факултет
Истражувач: Д-р Славчо Цветков, доцент - Машински факултет, Д-р Мишко Џидров, доцент - Машински факултет,Д-р Златко Соврески, доцент - Машински факултет, Д-р Сашко Димитров, доцент - Машински факултет, Д-р Светлана Јакимовска, доцент - Филолошки факултет
Млад истражувач: М-р Теодора Стојанова – Машински факултет