Опис на проектот:
Традиционалните рударски методи неможат да ги опфатат целокупните резерви на минералните суровини, а и развојот и инфраструктурните трошоци за изработка на нови рудници можат да ја направат експлоатацијата неекономична. Една од нив е подземната гасификација на јаглени (ПГЈ). Таа има потенцијал да обезбеди чист и конвенционален извор на енергија од јагленови слоеви каде класичните рударски методи се невозможни или неекономични.
ПГЈ е метода на конвертирање на неексплоатабилен јаглен, длабоко под земја, во гасна смеса, која може да биде користена за греење во индустријата, производство на енергија или прозводство на водород, синтетички природен гас во мали количини - метан (CH4), или суровина за хемиската индустрија. Производството на гас оди со остранување на CO2 пред да дојде до крајните корисници, со што се овозможува извор за чиста енергија со минимални емисии на гасови кој предизвикуваат ефект на стаклена градина.
Енергијата е директно добиена од јагленовите слоеви, наместо рударското ризично откопување и држењето на јагленот на површината и пепелот од неговото согорување.
ПГЈ вклучува инјектирање на пареа и воздух или кислород во подземен слој на јаглен, и реагира со присуството на инјектираниот гас со што формира мешавина на гасови (SYNGAS) што може да се искористи како гориво или како хемиска суровина.
Истражувачки тим:
Проф. д-р Зоран Панов ,ФПТН, Главен истражувач
Проф. д-р Војин Чокорило, РГФ, Белград
доц. д-р Ристо Поповски, ФПТН
асс. м-р Радмила Каранакова Стефановска, ФПТН, млад истражувач
Истражување:
Рецензирани научно-истражувачки трудови кои се резултатат на истражувањата во рамките на изработката на научно-истражувачкиот проект, објавени во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации:
- Karanakova Stefanovska, Radmila and Panov, Zoran, and Popovski, Risto and Dambov, Risto (2016) Parameters for selection of coal deposit suitable for underground coal gasification In: IX Стручно советување со меѓународно учество Подекс-Повекс '16, 11-13 Nov 2016, Strumica, Macedonia.
- Karanakova Stefanovska, Radmila and Panov, Zoran (2016) Opportunities to reduce greenhouse effect from the underground coal gasification In: IX Стручно советување со меѓународно учество Подекс-Повекс '16, 11-13 Nov 2016, Strumica, Macedonia.
- Karanakova Stefanovska, Radmila and Panov, Zoran and Popovski, Risto (2015) Подземна гасификација на јаглен како алтернативна, економична и остварлива технологија. Natural Resources and Technologies, 9. pp. 7-19. ISSN 185-6966
- Karanakova Stefanovska, Radmila and Panov, Zoran and Dambov, Risto and Popovski, Risto (2015) Operacioni parametri na podzemnata gasifikacija na jagleni. In: VIII Стручно советување со меѓународно учество Подекс-Повекс '15, 13-15 Nov 2015, Krusevo, Macedonia.
- Karanakova Stefanovska, Radmila and Panov, Zoran and Popovski, Risto (2014) Распространетост на подземнатa гасификација на јаглени во светот. In: Подекс – Повекс ‟14, 14-15 Nov 2014, Radovis, Macedonia.