Продолжен рок за заверка на непарен семестар и упис на парен семестар во учебна 2016/2017 година

За студентите од студиските програми (генерации) започнувајќи од 2009/2010 година и за сите идни генерации, заверка на непарен и упис на парен семестар се реализира исклучиво преку електронскиот индекс, додека студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 овие активности ги реализираат на шалтер на студентска служба. Сите студенти кои веќе имаат услов за заверка на непарен семестар и упис на парен семестар во учебна 2016/2017 година, истото ќе може да го реализираат преку својот електронскиот индекс до (заклучно со) 26.02.2017 година, 23.59 часот.