ПРОЕКТ:МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО СЛИВОТ НА ЦРНА РЕКА/OPORTUNITIES AND PERSPECTIVES FOR THE DEVELOPMENT OF TOURISM IN THE CRNA RIVER BASIN

ПРОЕКТ:  МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО СЛИВОТ 

          НА ЦРНА РЕКА

1. Цели на истражувањето

Ова истражување има научна и практична цел. Научната цел се однесува на одредени теренски и теоретски сознанија за можностите и условите за развој на туризмот во сливот на Црна Река во југозападниот дел на Република Македонија, а практичната цел е поврзана со одредена имплементација на теоретските сознанија во практиката. Според тоа, практичната цел на ова истражување има широки димензии, бидејќи треба да ги мобилизира сите фактори кои непосредно и посредно се инволвирани во туризмот, т.е. се заинтересирани за истражување на оваа проблематика во нашата држава.

 

2. Предмет на истражувањето

 

            Предметот на ова истражување е: „ МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО СЛИВОТ НА ЦРНА РЕКА“. Во предметот на ова истражување се анализираат два поими што треба да се операционализираат:

 

                   -   Можностите и перспективите за развој на туризмот и

-       Сливот на Црна Река кој поминува низ 13 општини и е со вкупна површина од 4869.72км2 во југозападниот дел на Република Македонија.

3. Хипотези

 

Едно од најважните прашања во емпириските истражувања е поставување и верификација на хипотезите. „Таа е тврдење кое може да се стави на испит за да се докаже нејзината вредност. Хипотезата може да изгледа како спротивна на обичното сваќање или во согласност со него. Може да се докаже дали таа е точна или неточна. Во секој случај, таа води кон емпириско испитување. Каков и да е резултатот, хипотезата претставува прашање, поставено на таков начин за да може да се добие некаков одговор. Таа претставува пример на организиран скептицизам на науката, одбивање да се усвои какво и да е тврдење без емпириско проверување. Секоја хипотеза го покажува односот меѓу независните и зависните варијабли.

 

4. Методи и организација на истражувањето

4.1. Методи на истражувањето

                   При истражувањето на општествените појави се користат општи и посебни методи. „Сите општествени науки, покрај општите методи, применуваат и користат посебни и специфични методи кои се соодветни за собирање податоци во соодветната област“. Оттаму, и ова истражување се базира на одредена методологија. При обработката на добиените податоци од истражувањето ќе го примениме методот на анализа.

 

4.2. Методолошки техники на истражувањето

                   Во дефинираниот предмет на истражување како методолошки техники ќе ги користиме:

-       Анкета, интервју, метод на скалирање и статистички метод.

 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Врз основа на теоретските и практичните истражувања на оваа проблематика ќе бидат донесени низа констатации од кои ќе се извлечат и адекватни заклучоци, а ќе се дадат и препораки за можностите и перспективите за развојот на туризмот. Комплексното третирање на оваа проблематика во научниот проект се очекува да биде придобивка од теоретски и практичен аспект. На тој начин би се придонело за динамичен развој на туризмот во сливот на Црна Река, па и пошироко како и негово адекватно промовирање во земјата и во странство.

НОСИТЕЛ: Проф. д-р Цане Котески, Раководител

УЧЕСНИЦИ: Проф. д-р Никола В. Димитров, Проф. д-р. Златко Јаковлев, Проф. д-р  Мичо Апостолов, Проф.д-р. Драшко Атанасовски, Доц. Марија Магдинчева Шопова, Доц. д-р. Зоран Темелков, Асс. Докторант м-р Душко Јошески и Асс. Докторант м-р Наташа Митева (Колевска).

ПРЕДВИДЕН БУЏЕТ:   200.000,00 денари

 

РОК НА РЕАЛИЗИРАЊЕ:  2 ГОДИНИ

 

Раководител на проектот

Проф. Д-р Цане Котески