Проекти

Колекционирање, карактеризација и евалуација на домашна и интродуирана гермплазама од ориз

Еден од основните услови за зголемување на приносот и квалитетот кај оризот во Република Македонија е подобрувањето на сортниот состав во производството. Најчест и најбрз метод за обезбедување нов, генетски различен растителен материјал е интродукцијата. Интродуираните сорти можат да се искористат за директно воведување во производството, откако добро ќе се аклиматизираат и стабилизираат, а исто така и како почетен материјал за создавање на нови комбинации и генотипови.