Проекти

Испитување на факторите кои влијаат врз проценката на концентрацијата и дозата од радон во училиштата

Најголем допринос во вкупната доза која ја прима населението од природни извори на радиоактивно зрачење има радонот и неговите кусоживеачки распадни продукти. Радонот може да се акумулира во затворен простор во високи концентрациии и со тоа да предизвика сериозни здравствени ефекти. После националното мерење на радон во живеалиштата во РМ, почна и втората фаза на мерење на радон во училиштата вклучувајќи го истражувањето кое ќе се спроведе како дел од овој проект.