Правна заштита на компјутерски програми

Citation:

Zdraveva A. Правна заштита на компјутерски програми. 9th International Scientific Conference " Social Changes in the Global World". 2022.

Abstract:

Идејата на овој труд е да се утврди на кој начин се обезбедува правната заштита на компјутерските програми. Законодавството на ЕУ го има во предвид зголеменото значење на овој тип на технологија, а се повеќе внимание се посветува на законската регулатива за заштита на компјутерските програми, со цел да се обезбеди соодветна безбедност и да се поттикнат поединците се повеќе да придонесуваат во оваа област. Различни правни системи се стремат да ја уредат оваа област преку збир на акти и прописи кои начелно се разликуваат во зависност од правната традиција во која припаѓаат. Засега не може да се каже дека европската, а уште помалку домашната судска пракса е богата со предмети поврзани со прекршување на авторските права на компјутерските програми. Но, неколку предмети, поради нивната специфичност, имаат особено влијание врз понатамошното постапување на судовите. Оттука, овој труд анализира како се применува релевантната законска регулатива низ праксата на Европскиот суд за човекови права во предметот SAS Institute Inc. vs. World Programming Ltd (WPL). Главните правни прашања кои се провлекуваат низ овој труд се, што е предмет на заштита кај компјутерските програми и кои елементи на компјутерската програма се штитат со авторските права.