Doneva N, Zdraveva A, Trajkovska E.
De facto states. 9th International Scientific Conference " Social Changes in the Global World". 2022:pp. 33-50.
AbstractDe facto државите се уште познати и како „непризнати држави”, „делумно признатидржави”, држави со спорна егзистенција...Тие се мета на истражување, докажувањефакти, дебати и анализи, за апликативноста на меѓународните правила и сегментирањекои држави можат да влезат во групата на de facto држави, а кои не...Територии коисакаат да бидат држави, но će уште не се здобиле со независности меѓународнапризнатост. За многумина овде е апликативна Конвенцијата од Монтевидео, со целда се видат правата и обврските на државите. Но дали денес постои листа на овиедржави? Многумина ги споменуваат Косово, Северен Кипар, Абхазија и Јужна Осетија,Палестина, Транснистрија, Нагорно-Карабах, Народна Република Доњецк и ЛуганскатаНародна Република... Каков е статусот на овие држави и зошто уште немаат меѓународнопризнавање?
Zdraveva A.
Правна заштита на компјутерски програми. 9th International Scientific Conference " Social Changes in the Global World". 2022.
AbstractИдејата на овој труд е да се утврди на кој начин се обезбедува правната заштита на компјутерските програми. Законодавството на ЕУ го има во предвид зголеменото значење на овој тип на технологија, а се повеќе внимание се посветува на законската регулатива за заштита на компјутерските програми, со цел да се обезбеди соодветна безбедност и да се поттикнат поединците се повеќе да придонесуваат во оваа област. Различни правни системи се стремат да ја уредат оваа област преку збир на акти и прописи кои начелно се разликуваат во зависност од правната традиција во која припаѓаат. Засега не може да се каже дека европската, а уште помалку домашната судска пракса е богата со предмети поврзани со прекршување на авторските права на компјутерските програми. Но, неколку предмети, поради нивната специфичност, имаат особено влијание врз понатамошното постапување на судовите. Оттука, овој труд анализира како се применува релевантната законска регулатива низ праксата на Европскиот суд за човекови права во предметот SAS Institute Inc. vs. World Programming Ltd (WPL). Главните правни прашања кои се провлекуваат низ овој труд се, што е предмет на заштита кај компјутерските програми и кои елементи на компјутерската програма се штитат со авторските права.