Пристап до бесплатна правна помош во Република Македонија

Citation:

Zdraveva A, Panev K. Пристап до бесплатна правна помош во Република Македонија. 5th International Scientific Conference " Social Changes in the Global World". 2018.

Abstract:

Идејата на трудот е да утврди колку системот на бесплатна правна помош е ефикасен механизам за обезбедување на еднаков пристап до правда на сите граѓани во Република Македонија. Трудот опфаќа анализа на постоечкиот систем и преглед на користењето и достапноста до бесплатна правна помош на оние на кои им е потребна.
Правото на пристап до правдата е едно од основните човекови права. Државата е таа која ја има главната улога во реализација на обврската за почитување, заштита и остварување на човековите права, кое вклучува воспоставување ефикасен систем на бесплатна правна помош. Ваквиот систем има за цел да обезбеди еднаков пристап на граѓаните до институциите на системот.
Право на бесплатна правна помош имаат лицата кои, со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.
Пристапот до правна помош е дел од правото на правична судска постапка, што произлегува од членот 6 од ЕКЧП. Членот 6 став 3в за минималните права во кривичните случаи пропишува обезбедување на бесплатна правна помош кога тоа го наложуваат интересите на правдата.
Оттука, покрај домашното законодавство, трудот ги проучува и меѓународните конвенции кои го гарантираат правото на пристап до правда и презентира различни ставови и практики за обезбедување на бесплатна правна помош. Истовремено се занимава и со утврдување на недостатоците на системот во обезбедување на ефикасен и ефективен пристап до правда за сите граѓани.